Откако на 2 јули почна да работи системот за СМС-наплата на паркинг, во
Охрид има и повеќе од доволно слободни места за паркирање. Сега лесно и
без нервози, гостите и охриѓани можат да се паркираат и во самиот центар
на градот.
„На корисниците на паркиралиштата им требаше малку време да се
навикнат на наплатата преку СМС. Во сите улици каде што се врши наплата
на овој начин има табли кои покажуваат како се прави тоа. Имаме и
контролори кои им помагаат на возачите. Засега нема поголеми проблеми”,
изјавија од ЈП „Билјанини Извори”, кое стопанисува со паркинзите.
Во Охрид сега на сите паркиралишта еден час чини 40 денари: 30 денари
е паркирањето, пет денари за испраќање на СМС-порака и уште пет за
одјава на паркингот.
Ова лето, Охрид ја спроведе најавата преку дестимулирање на охриѓани
да ги паркираат своите возила во центарот, за да има повеќе места за
гостите кои доаѓаат со свои автомобили.
Во екот на сезоната, низ градот дневно се движат околу 20.000 возила.
На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот
кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy
Bridge.
Видео
ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА
Иновации
Најнови технолошки чуда
На тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа
претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот,
еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја
заинтересираат светската јавност.
Софтвер
Хардверски антивирус
Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky, патентираше
хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на
вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе
заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата
антивирусна база независно од самиот систем. Извор :Ентер