Доделени награди на "Струшките книжевни средби" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 07 јули 2018

petko1we.jpgНа вториот ден од тридневната традиционална книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби 2018“, беа доделени наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, кои ги примија Владимир Плавевски, односно Елена Пренџова.

Наградата „Книжевна далга“, за 2018 годинава, му беше врачена на добитникот Виктор Шеќероски, од Белград.

Наградените автори ги прими градоначалникот на општина Стругга, Рамиз Мерко, додека на доделувањето на наградите присуствуваше секретарот на општината Соња Стојкоска.

Во Вевчани, во Спомен куќата на Михајло Пупин ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите, како и наградата „Струшко слово“ на Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија),

Пред учесниците, поздравна реч, ќе има градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Манифестацијата, денес  се сели во општина Дебрца, каде домаќин на учесниците е градоначалникот Зоран Ногачески.petko2we.jpg

Покрај приемот, за учесниците е планирано разгледување на Ликовната галерија во село Белчишта, како и на  природниот резерват “Сини Вирој”, а потоа во селото Црвена Вода - посета на родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца.

Претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот и член на Светската академија на поеззијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, ќе откријат Спомен плоча на куќата на Ванчо Николески.

Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат  ИЗБОРОТ од  вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други–нагласи Митаноски.

На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.

Поетите ќе  читаат песни од своето творештво. Македонските и српските автори се членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, додека од Хрватска,се членови на   “ХKД”  од Задар и  “Ритам мисли” од Вараждин.petko3we.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тие во Македонија доагаат во соорганизација на невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”, а ќе ги позздрави членот на Тангентата амбасадорот Љупчо Арсовски, кој и ќе ги поздрави.

Годинава на Книжевната манифестација  „Струшки книжевни средби–2018“,  има учесници од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија  и Словенија.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive