Убавата Мишел Фајфер блеска и на 60 години PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 јуни 2018
fajfer1qq.jpgЕдна од најубавите глумици на светот ште откако се појави во „Бриљантин 2“ во 1982 година,  не престанува да воодушевува.

Мишел Фајфер покажа дека и на 60 години е сѐ уште една од најгламурозните холивудски актерки, кога се појави на премиерата на филмот „Ентмен и Восп“ во Лос Анџелес.

Таа изгледаше беспрекорно на црвеиот тепих во црн комбинезон на Ив Сен-Лоран, а ја придружуваше сопругот Дејвид Кели, со кого е во брак од 1993 година.

Мишел Фајфер со сопругот Дејвид Кели, со кого е во брак веќе 25 години (Фото: Шатерсток)

Пол Рад по три години ја повтори улогата на Ентмен, но Еванџелин Лили сега е негова рамноправна партнерка како Хоуп ван Дајн, односно Восп. Хенк Пим (Мајкл Даглас) бара помош од нив во борбата со Гоуст (Хана Џон-Кејмен), која има способност да биде невидлива и нематеријална.

Фајфер ја игра мајката на Хоуп, Џенет ван Дајн, и иако светот на суперхероите не е ништо ново за неа, имајќи предвид дека беше Жена Мачка во „Бетмен се враќа“, таа вели дека досега не го знаела ликот на Ентмен.

„Моето прво запознавање со Марвел беше преку Спајдермен и Ајрон Мен, кои многу ги сакав. Мислам дека светот на Марвел го открив преку моите деца. Тогаш го видов Ентмен и ми се допадна“, кажа Фајфер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive