Кире Лазаров на прием кај охридскиот градоначалник PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 22 јуни 2018
kamp1ww.jpgПрославениот ракометар и капитен на Македонска репрезентација Кирил Лазаров, денес беше примен од градоначалникот Јован Стојаноски. Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот Стојаноски најнапред му го честиташе пласманот на македонскиот капитен на Светското првенство и посака нашите најдобри спортски амбасадори повторно да ја израдуваат македонската јавност со добар резултат.

Лазаров се заблагодари на честитките, како и на искажаната добра волја и логистичка помош што Општина Охрид ја дава на Ракометниот камп “Кирил Лазаров 7“, што ова година по четврти пат се одржува во хотелот “Аквалина“. Градоначалникот Стојаноски беше запознаен со работата на ракометниот камп, како и плановите што Лазаров ги има за иднината, во која Охрид се гледа како ракометен центар на Македонија.

Ова година меѓународната академија за млади ракометари започна на 20 јунии, а ќе трае до 2 јули. Учествуваат преку 200 таленти од земјава и 100 од Данска, Шведска, Романија,  Босна и Херцеговина, Либан и Египет. Возраста на младите ракометари е од 8 – 18 години, а за нивното ракометно усовршување се грижат преку 30 стручни лица. Покрај Лазаров, кој е најголема инспирација за младите, кампот постојано го посетуваат и македонските репрезентативци.

Градоначалникот Стојаноски и македонскиот капитен се согласија дека Охрид нуди одлични услови за спортскиот туризам, кои се повеќе ќе стануваат атрактивни во туристичката понуда. Капитенот Лазаров му подари два дреса на градоначалникот и го покани на “ракометна лекција“ на спорстките терени на хотелот “Аквалина“, што со задоволство беше прифатено.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive