ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на Собранието PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 19 јуни 2018
ratif1q.jpgСобранието со 70 гласа „за“ ја усвои потребата за донесување Закон за ратификација на договорот за решавање на спорот за името со Грција. Претходно, со 69 гласа „за“ беше усвоен предлог-законот да се донесе во скратена постапка, единствено Ферид Мухиќ беше против од владејачката коалиција.

Предлогот-законот за ратификација го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој кажа дека има рокови кои мораат да се запазат до Самитот на ЕУ и дека се надева дека дотогаш ќе биде ратификуван договорот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа против, а координаторот на пратеничката група Драган Данев рече дека ваквото носење на законите е кршење на деловникот, законите и уставот. Тој додаде дека надлежна за ратификацијата е Комисијата за надворешна политика, а не Комисијата за европски прашања.

„Ова е капитулантски договор. Со менување на уставот се менува индентитетот. Владата не доведе во ситуација од која нема враќање. Ова е современ геноцид на правната држава“, рече Данев и побара пауза од еден час.

Но, претседателот на Собранието Талат Џафери не му даде пауза со образложение дека Данев не побарал процедурално, по што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

Предлог-законот сега оди во Комисијата за европски прашања, каде што расправата трае максимум два дена, по што се враќа на пленарна седница. Комисијата е закажана за 15 часот.

Пред Собранието има мал протест против договорот со Грција.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive