Потпишан договор за решавање на спорот со Грција PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 17 јуни 2018
potpisa1qq.jpgДоговорот за решавање за спорот за името со Грција пред малку се потпиша во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна Преспанското езеро.

Договорот насловен како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“ го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров.

  • Име – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот
    Јазик – македонски без фуснота – потврден од ООН
  • Националност – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)
    Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
  • На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот
  • Договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји
  • По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.
  • На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија,
    Кодовите за Македонија остануваат мк и мкд.
  • На 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка.
Последни измени ( недела, 17 јуни 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive