Безвременските хитови на Pink Floyd на Долни Сарај-26 јули PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 14 јуни 2018

pink1qq.jpgПод влијание на нашите родители и повеќе генерации кои израснаа со музиката на Pink Floyd, се одлучивме на оваа иницијатива за изведување на нивните најголеми хитови, истакна музичарот Ѓоко Танески, носител на проектот NUMB Tribute to Pink Floyd.

"На иницијатива на нашиот гитарист Анатолиј Арнаудоски, кој беше иницијатор на овој проект, се одлучивме за еден ваков поголем чекор. Веќе неколку месеци напорно вежбаме и се подготвуваме за премиерата. Имаме уште време и секако дека ќе направиме песните да звучат онака како што треба затоа што Pink Floyd не само што се слуша, туку и се гледа. Сакаме да го изведеме проектот на неколку сцени во државата, но ако има интерес би сакале да го прикажеме и надвор", кажа Танески.

Тој додаде дека музиката е единствената работа во светот која ги обединува луѓето, а ако е квалитетна и базирана врз вистински емоции, нејзината вредност и трајност е уште поголема.

"Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга кои се веќе добро познати во јавноста. Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Подготовките за концертот траат веќе неколку месеци, а ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd. Тука се „Shine on your crazy diamond, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација", рече Танески.

 

Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.

Премиерата на проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd е на 26-ти јули 2018 година на сцената „Долни сарај“ во Охрид.

 

Последни измени ( четврток, 14 јуни 2018 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Стружанец со кундак од пиштол го удрил синот

pistol4.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од струшкото село Подгорци.

Читај повеќе...
 
"Охридско лето" ја шири соработката во регионов

natasa1r.jpgВо рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.

Читај повеќе...
 
И "Билјанини Извори" се вклучи во акцијата за помош...
biljanini33e.jpgЈП" Билјанини Извори" во соработка со Црвен крст Охрид и Р.К. Охрид се приклучува во акцијата за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска, кај која неодамна е дијагностицирана болеста Anemia Aplastica.
По тој повод утре 20. 10 (сабота) Спортска сала "Билјанини Извори" пред почетокот на ракометното езерско дерби 19:30  помеѓу Р.К. Охрид и Р.К. Струга ќе се постават кутии за донирање на финансиски средства во знак на поддршка на нашата Сара Настеска.
Читај повеќе...
 
Да и помогнеме на нашата сограѓанка Сара Настеска

humanbidi1w.jpgНа петнаесетгодишната  годишната Сара Настеска од Охрид, лекарите и дијагностицираа малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Читај повеќе...
 
Одбележан патрониот празник на ОУТУ "Ванчо Питошески"
patron1er.jpgВо просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Читај повеќе...
 
Библиотека-Средба со поетот Наум Трајчески

naumt1q.jpgУтре, петок во 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со роднокрајниот автор – поетот Наум Трајчески кој долги години живее и твори во Квинбијан, Австралија.

Читај повеќе...
 
Успешен настап на учениците од "Ванчо Питошески на...
gastronomija1q.jpgУчениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваа на третиот меѓународен гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2018, кој се одржа во Струмица од 8 до 12 октомври.
Читај повеќе...
 
Кај Рамне во Охрид пронајдени човечки коски

svroohrid2q.jpgНа 17-ти овој месец околу 13 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за забележани коски кои наликувале на човечки. Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“ атар на охридското село Рамне.

Читај повеќе...
 
Агенцијата за иселеништво ќе ја промовира...

iselen1q.jpgАгенцијата за иселеништво на Република Македонија, согласно Спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија, на 19, 20 и 21 Октомври 2018 година во Охрид ќе одржи Конференција.  На  оваа конференцијата ќе се разговара за промоција на туризмот во Република Македонија, можностите и начините  за заедничко аплицирање на македонските организации во Република Хрватска и хрватските во Република Македонија,  кон европските фондови со надеж за поголем обем на средства.

Читај повеќе...
 
"Охридско лето" ќе соработува со "Љубљанскиот фестивал"

sorab1q.jpgВчера во Љубљана директорката на фестивалот „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот, Нина Момироска остварија работна и мошне конструктивна средба со Дарко Брлек, директор на „Љубљански Фестивал“.

Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive