"АРНО":Уште седум дена за аплицирање за зелени... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 13 јуни 2018

Здружението за социјални иновации „АРНО“ најавува дека македонските граѓани имаат уште 7 дена за аплицирање на натпреварот за зелени бизнис идеи. Развој на рурален туризам, пласман на органски производи, рачна изработка на играчки за деца, домашни сокови, алтернативни начини на превоз, нови технологии кои помагаат на општеството се само дел од идеите со кои граѓаните можат да аплицираат.  Пријавувањето е преку пополнување на краток формулар кој  е достапен на www.arno.org.mk.

zeleni1qq.jpg

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина.

 

„Зелени бизниси се оние бизниси кои се спротивставуваат на користењето пластика, фосилните горива, кои користат локално знаење и ресурси (не е дозволен увоз), автохтони сорти, кои генерално се добри за природата, а придонесуваат за општеството. Зелената економија е правецот во кој се движи Европа и светот. Ние како земја имаме потенцијал, и затоа и оваа година очекуваме квалитетни зелени бизнис идеи, а очекуваме да имаме повторно и регионални победници. “ -изјави Ирина Јаневска, Координатор на проектот.

 

Деталите за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832  или на e-mail Оваа e-mail е заштитена од спам, ви треба вклучен JavaScript за преглед на пораката

 

Здружението за социјални иновации „АРНО“, четврта година по ред,  го администрира националниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ и се гордее на македонските победнички идеи: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 год.) ,инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова - „СПИН“ (2016 год) и минатогодшините иницијативи кои оддекнаа во јавноста: еко-илузиите на магионичарот Кристиан Шопов, и стартапот на Јане Заевски и тимот кој ја основа платфромата „Храна за сите“ преку која угоститески објекти продаваат и донираат таканеречена “last minute“ храна.

 

Натпреварот функционира преку поставени и проверени критериуми и процеси кои обезбедуваат транспарентен избор на победнички идеи во сите земји. Употребата на локалното знаење, вештини и локални ресурси се дел од насоките за сите апликанти. Никаква употреба на фосилно гориво, намалување на штетите врз природата, нови вработувања, вистинска самоодржливост и оригиналност се дел од критериумите за оценување.

Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натпревар каде победниците на националните конкурси, по 3-ца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за реализација на  идејата во своите земји. 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Велештанец се заканил дека ќе активира бомба

bomba100f.jpgПоради сторени казнени дела „насилство“ и „спречување на овластени службени лица при вршење на службени дејствија“, на 19 октомври оваа година околу 19 часот и 30 минути, пред казино лоцирано на улицата Маршал Тито“ во Струга приведен е П.К.(45) од струшкото село Велешта.

Читај повеќе...
 
Хуманитарен хепенинг за Сара
zasara1w.jpgСо цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара.
Читај повеќе...
 
Собранието го прифати предлогот за уставни измени
ustavni1ww.jpgСобранието вечерва го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“. Непосредно пред гласањето, поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стана од клупите и застана покрај ѕидот, но неколкумина останаа на своите места. По гласањето, во салата се читаа поединечно пратениците како гласале на барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Читај повеќе...
 
Стружанец со кундак од пиштол го удрил синот

pistol4.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од струшкото село Подгорци.

Читај повеќе...
 
"Охридско лето" ја шири соработката во регионов

natasa1r.jpgВо рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот Нина Момироска остварија серија средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.

Читај повеќе...
 
И "Билјанини Извори" се вклучи во акцијата за помош...
biljanini33e.jpgЈП" Билјанини Извори" во соработка со Црвен крст Охрид и Р.К. Охрид се приклучува во акцијата за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска, кај која неодамна е дијагностицирана болеста Anemia Aplastica.
По тој повод утре 20. 10 (сабота) Спортска сала "Билјанини Извори" пред почетокот на ракометното езерско дерби 19:30  помеѓу Р.К. Охрид и Р.К. Струга ќе се постават кутии за донирање на финансиски средства во знак на поддршка на нашата Сара Настеска.
Читај повеќе...
 
Да и помогнеме на нашата сограѓанка Сара Настеска

humanbidi1w.jpgНа петнаесетгодишната  годишната Сара Настеска од Охрид, лекарите и дијагностицираа малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот.

Читај повеќе...
 
Одбележан патрониот празник на ОУТУ "Ванчо Питошески"
patron1er.jpgВо просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“, денес, беше одбележан патрониот празник на училиштето.
Читај повеќе...
 
Библиотека-Средба со поетот Наум Трајчески

naumt1q.jpgУтре, петок во 12 часот во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со роднокрајниот автор – поетот Наум Трајчески кој долги години живее и твори во Квинбијан, Австралија.

Читај повеќе...
 
Успешен настап на учениците од "Ванчо Питошески на...
gastronomija1q.jpgУчениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваа на третиот меѓународен гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2018, кој се одржа во Струмица од 8 до 12 октомври.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive