Претседателот Иванов не ги дослуша Заев и Иванов PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 13 јуни 2018
trojka1qq.jpgПретседателот Ѓорге Иванов не сакал да ја слуша содржината на договорот со Грција од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров и по неколку минути си заминал од средбата, информираат од Владата,пишува најчитаниот сајт Сакам да кажам

Утрово премиерот Заев и министерот Димитров отидоа во вилата на Водно за да му го достават на претседателот Иванов договорот со Грција и да му го претстават решението за спорот. Но, владините возила од вилата Водно заминаа само 6 минути откако пристигнаа.

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина. Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина“, се вели во владиното соопштение по средбата на Заев и Димитров со Иванов.

Набрзо по кусиот состанок, од кабинетот на Иванов најавија обраќање на претседателот во текот на денот, се наведува во текстот на Сакам да кажам

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive