ОМД за настаните во село Тимјаник PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 13 јуни 2018

obedinetadijaspora99a.jpgОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со внимание ги следеше настаните во Република Македонија предизвикани со иницијативата на Министерството за Труд и Социјална Политика (МТCP) за изградба на центар за деца со посебни потреби, која што иницијатива наиде на отпор од мештаните на село Тимјаник, наеселено место каде центарот е предвиден. 

Мештаните на Тимјаник, пружија отпор кон иницијативата, со став дека Тимјаник има потреба од градинка за која им е дадено ветување во предизборната кампања, а не дом за деца со попреченост, кој според нив, Тимјаник не располага со сооветниот простор и услови за нивно згрижување. 

 

Со внимателна и детална анализа на проблемот, ОМД верува дека отпорот се основа не недоволна едукација за тоа дека децата кои се предвидува да се згрижат во установата, не претставуваат закана од ников тип за заедницата, туку напротив, компонента за поголема инклузивност, толеранција и хуманост на Тимјаник. 

 

ОМД, воедно верува дека потребата од граднинка не е помалку приоритетна, поради што апелира до локалните власти и МТСП да излезат во пресет со отварање на градника, како би се поедноставила и подобрила грижата за децата во Тимјаник. 

 

ОМД го охрабрува потегот на Министерката на МТСП Г-ѓа Мила Царовска и канцеларијата на UNDP предводена од Г-ѓа Луиза Винтон, во кој се соочија со мештаните со цел да ги разберат нивните барања и стравови, но воедно, со цел да се превенира конфликт од овој тип во иднина, ОМД апелира навремено да се комуницира со мештаните за сите предвидени проекти во нивната заедница, како и да инвестира поголеми средства и напори за едукација на луѓето и нивна поголема вклученост во носењето на политики на локално и централно ниво. 

 

Во оваа прилика, ОМД исто така го поздравува примерот на градоначалникот на Валандово, Г-дин Перо Костадинов кој изрази подоготвеност да отстапи простор и создаде услови за хумани дневни центри за лица со попреченост во општината, како и примерот на младиот научник со признание за воздухо-инженерство од САД, Мартина Димоска која преку лично искуство на член од семејство со мускулна дистрофија, укажа на тоа дека лицата со попреченост не претставуваат закана за општеството, туку тие се лица од кои може и треба многу да се учи. Воедно, ОМД го охрабрува и потегот на телевизија ТВ21, кои иницираа посета на децата со посебни потреби од страна на жителите на Тимјаник, на кој начин допринесоа кон рушење на стереотипите и градење на поголема толеранција кон различностите. 

 

Преку подршка и препознавање на локални хеори, проекти и иницијативи за добробит на Република Македонија, ОМД останува верен партнер за раст и развој на македонското општество. 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive