Јубилејно издание на "Вдиши театар" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 12 јуни 2018
vdisi1qqd.jpgВо рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува јубилејното петто издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов: „Вдиши Театар“.

Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно претставува и почеток на културното лето во Охрид.

Во четиридневната програма, својот актерски талент, умешност и креативност, низ 7 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 60 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, Бар, Суботица, Требиње, Крагуевац,Битола и Крива Паланка што воедно ќе отвори можност за сплотување на актерите-аматери од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

Петтиот Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во Охрид,  во периодот од 13  до 17 јуни 2018 година.Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 13.06.2018 (среда) во предворјето на црквата -Св.Софија со почеток во 21:00 ч. со прикажување на претставата „Во фиока“ под авторство и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид.

Ве покануваме на ПРЕСС средбата на 13.06.2018 (среда) во 13 ч. во просториите на Црвен крст Охрид,каде од страна на авторите на претставата и актерите ќе добиете повеќе информации и рекламен материјал за фестивалот.

                                                                                      

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Може ли центарот на Охрид да биде само пешачка зона
Во просториите на општина Охрид, вчераpesacka1qq.jpg, се одржа јавна расправа за организирањето на сообраќајот во централното градско подрачје во летниот период. За таа цел локалната самоуправа ангажира компанија која изработи неколку идејни проекти за движењето на сообраќајот во централното градско подрачје.
Читај повеќе...
 
Обновено:Дете почина по паѓање од зграда во Струга

На ден 21.06.2018 година, во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

struga66.jpg
Читај повеќе...
 
Старец блудник извршил полов напад врз девојче
siluvac1qq.jpgСекторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (71) од Охрид поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Читај повеќе...
 
Делегација од кинескиот град Далиан во Охрид
dalian1we.jpgГрадоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со шестчлената делегација на кинескиот град Далиан предводена од заменик – градоначалничката Вен Зукионг. Во делегацијата се директорот на културното биро во Далиан, директорот на образовното биро и претседателот на стручно – техничкиот колеџ, заменик директорот а канцеларијата за надворешни работи.
Читај повеќе...
 
Во Охрид се одржува натпревар на млади музичари

svetasofija1q.jpgИнтернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери“ по 17-ти пат се одржува од 15  до 21  Јуни  201катедралната црква "Св. Софија" во Охрид.

Читај повеќе...
 
Две лица од Радолишта се загубиле на Галичица
svroohrid2q.jpgНа 18.06.2018 година во 18.05 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од селото Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.
Читај повеќе...
 
Локалната агенција за развој ќе ...
lokal1ww.jpgЛокална агенција за развој организира настан на 21 јуни 2018 (четврток) во центарот на Струга кај Споменикот на револуцијата. Од 12 – 20 часот, ќе имаме инфо штанд каде граѓаните ќе можат да се запознаат со нашите досегашни активности и идни планови и да дадат свои предлози за потенцијални проекти. За оние кои сакаат да си го проверат знаењето и среќата, од 17 часот ќе има интерактивна игра на отворено за тимовите кои ќе се пријават и награди за најдобрите тимови. Ќе има многу забава и дружење. Сите се добредојдени.
Читај повеќе...
 
Утре повеќе улици ќе останат без вода
pro1w.jpgПоради приклучување во водоводна мрежа на повеќе објекти, утре на ден Среда 20.06.2018 г. од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици од централното градско подрачје и стариот дел на градот.
Читај повеќе...
 
Со мамки ќе се откриваат опасните комарци во Охридско
komarec500.jpgСогласно Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливите  заболувања на територијата  на општините Охрид и Дебрца, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид спроведе ларвицидна дезинсекција  за уништување на комаричните ларви во април и мај  на водените површини во месноста Далјан, на потегот  од Андон Дуков до Подмолје, Студеничко блато и  Белчишко блато.
Читај повеќе...
 
Се дружеа три фудбалски клуба од регионот
gorde1q.jpgИзминатиот викенд 16 - 17 јуни ( сабота-недела) во организација на ЈП "Билјанини Извори" а со финансиска поддршка на SWG ( Regional Rural Development Standing Working Group ) во соработка со ЕУ се реализираше проектот "Спорт и Култура, иднината на нашиот регион". Проектот имаше за цел да социјализира-дружи три фудбалски клубови од три различни градови ( Охрид, Корча и Струга ) и при тоа ние како организатори за да го постигнеме тоа ги избравме универзалните социјални инструменти спортот и културата.
Читај повеќе...
 

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive