Охриѓани во масовна акција собраа над 500 вреќи ѓубре PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 09 јуни 2018

ohak2q.jpgПовеќе од 1.200 охриѓани денес зедоа активно учество во големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ која имаше за цел комплетно да се исчисти градот во пресрет на туристичката сезона.

 

- На наше огромно задоволство, на денешната акција се одзваа повеќе од 1.200 охриѓани, кои поделени во 9 Зони собраа над 500 големи вреќи ѓубре. Охриѓани ја препознаа акцијата како своја, а голем дел од нив, кои беа спречени да дојдат на лице место, организираа свои „мини акција“ во домовите, зградите и фирмите каде работат, објавија организаторите.

 ohak3q.jpg

ohak1q.jpg

Во рамките на големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ се чистеше на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“. Првиот реон беше комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон беше Стариот град, потоа потегот од мостот до плажата „Golden beach“, до „Славија“, зона 5 беше од „Славија“ до хотел „Аквалина“, потоа до хотел „Гранит“, следната зона беше до хотел „Метропол“, зона 8 од хотел „Метропол“ до плажа „Атлантис“ и последниот реон беше до Пештани и хотел „Десарет“.

 

- За сите учесници беа обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци беа постојано при рака при евентуални поситни повреди. За подалечните зони беше обезбеден превоз со автобуси на АД „Галеб“, до кои испраќаме голема благодарност, а секако и до сите охриѓани, вработените во локалната самоуправа и особено во ЈП „Охридски Комуналец“, спортски и еко здруженија, кафе барови и сите добронамерници коипомогнаа Охрид да блесне во целата своја убавина. Да го задржиме ваков во пресрет на сезоната. додаваат од „Мој Охрид, чист Охрид“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive