Собранието изгласа нови министри во Владата PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 02 јуни 2018
noviv1qq.jpgПо целодневна расправа, Собранието вечерва ги изгласа новите четворица министри во Владата. Станува збор за ресорите правда – Рената Дескоска (СДСМ) – 67 гласа „за”, образование – Арбр Адеми (ДУИ) – 67 гласа „за” и култура – Асаф Адеми (Беса-крилото на Африм Гаши) – 66 гласа „за”, а нов министер без ресор, задолжен за странски инвестиции, е Бардил Даути (ДПА) – 65 гласа „за”.

Дебатата на денешната седница помина во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата што направиле и што не направиле владите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како и за рејтингот на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, владата на Заев ја нарече „ќе влада“.

„Оваа Влада ќе остане запаметена како ’ќе‘ влада, бидејќи една година само вика ’ќе‘. Нема ништо сторено ниту сработено, нема резултати за една година од формирањето“, рече Данев.

На обвинувањата на пратениците на опозицијата реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој рече дека ако актуелната влада е „ќе“ влада, тогаш претходната била „не“ влада, односно антивлада.

Дополнително, за заменик- министер за надворешни работи беше изгласан Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

Извор:СДК
Последни измени ( сабота, 02 јуни 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive