Промовирана новата книга на пилотот Ѓорѓи Чачкиров PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 2
ЛошОдличен 
петок, 01 јуни 2018
gjoko4q.jpgДенес во Комората на инженерите на Македонија,Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност "Елита" од Скопје, ја  промовира новата книга со едукативно популарни содржини од областа на цивилното воздухопловство,чиј автор е пилотот и хроничар на нашето воздухопловство Ѓорѓи Чачкиров.Насловот на книгата е "Како летаат авионите.

 

Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“и промотор на оваа книга  го изнесе  своето мислење за најновата книга на Чачкиров:

 

-Оваа книга претставува единствено дело од ваков вид во нашава Република. Би ја сместиле во групата на едукативно-популарна литература, преку која сообраќајната авијација се доближува до пошироката популација, а посебно за оние кои патуваат со авион. Иако, на изглед, има стручен наслов, во неа, на едноставен и популарен начин се објаснети повеќе теми и субјекти кои учествуваат во реализација на транспортните комерцијални летови. Во неа е посветено внимание на тоа каде и како летаат авионите, кој и како ги управува, нивна конструкција и изградба, ракувањесо инструментите и опремата, нивно одржување, страв од летање, но и однесување на патниците во и вон авион.

 Покрај тоа посочени се и директните субјекти кои учествуваат во непосредната реализација на летовите, како што се аеродромите, контролите на летање и  меѓународните и домашните правни регулатори и организацииво оваа сфера.Сите тие се дел од мрежата која воздушниот сообраќај го става на врвното место, според безбедноста, во сферата на сообраќајот воопшто. Од тука, полека се извлекува или лекува стравот од летањето, односно патувањето со авион. А би рекол сите ние сме родени на земјава и тоа е наша природна средина, па по малку имаме и право на страв во бесконечниот простор, но читајќи ги редовите од оваа книга полека но сигурно се ослободуваме од него.

Преку сите овие посочени теми, авторот го води читателот, идниот патник во воздушниот сообраќај, до ниво на стекнување сопствени сознанија за начинот на реализацијата на непосредните летови, за обврските на сите субјекти кои учествуваат во нив, но и до создавање на сопствена култура на однесување.И се чини дека, токму тука, авторот го ставил својот акцент. Тргнувајки на патување со авион, како да се подготват за патувањето, како да постапуваат и да се однесуваат на аеродромите, а потоа и во самиот авион. Ова посебно е нагласено, од фактот што ние вообичаено не размислуваме дека авионот е една затворена средина, во која треба на се минат 2, 3 а можеби и десетина часови, па соодветно на тоа да знаеме и како да се однесуваме, не ставајќи ги нозете на главата на претходниот патник, собувајќи ги чевлите за да ни бидат релаксирани нозете или започнувајќи разговор со сопатникот, кој можеби не е расположен за тоа.gok1q.jpg

Сите тие елементи, директно и индиректно можат да го привлечат и вниманието на високо обучениот летачки и кабински персонал, чија концентрација е насочена на конкретната реализација на летот.

 

 

 На промоцијата рецензентот Емил Георгиев кажа:

-Како вовед во оваа рецензија, најпрвин би сакал да го истакнам ентузијазмот, професионалноста и педагошкото чувство кон мултидисциплинарната дејност – авијација, на г. Ѓорги Чачкиров кој несебично целиот свој работен век комплетно е посветен на оваа дејност

Како врвен моделар, иструктор по моделарство, професионален пилот, наставник по моторно летање, генерален секретар на Воздухопловниот сојуз на Македонија, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, директор на летачка оператива во авиокомпаниите „Палер Македонија“ и „Македонски Авиотранспорт“,Чачкиров остави голема трага со своето дејствување во сите овие институции.

Неговата љубов кон авијацијата на многу убав начин е покажана и докажана прекуизработката на модели, обуката на ученици и преку пишувањето книги.

Чачкиров, според моето скромно мислење, е еден од доајените на македонското воздухопловство. Длабоко се надевам дека Република Македонија и во иднина ќе има вакви плодни ентузијасти кои ќе остават трага зад себе, барем приближно како авторот на оваа книга.

 gjoko3q.jpg

Љубовта е двигател на многу делови во нашиот живот.Љубовта на авторот кон авијацијата на којаштоѝ го посвети целиот свој живот вроди со уште еден плод, а тоа е оваа книга којашто го води читателот во светот на авијацијата во неколку правци.

Најпрвин целта на авторот е на секој читател, на разбирлив јазик, да му објасни како летаат авионите. Тука авторот е докажан наратор и на практичен начин вметнува многу предмети во една целина, а сè со една цел - да се разбере летањето ипрофесиите пилот, авиоинженер истјуард/стјуардеса, со сите нивниодговорности.

Методскиот пристап на пишувањето на оваа книга е нешто во што авторот е врвен и веќе докажан.Покрај со авионите, во оваа книга ќе можете да се запознаете со многу интересни факти за аеродромите и за контролата на летање и занивното функционирање, повторно објаснето на едноставен начин, разбирливза читателот, начин којшто е својствен за авторот.Бидејќи манирите треба да бидат дел од културата на секој патник во авионот,  Чачкиров воздухопловната култура им ја пренесува на читателите.  Јас би рекол секој од нас треба да ги прифати советите со особено задоволство.

gjoko5q.jpg

 


 


Последни измени ( петок, 01 јуни 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive