За лажната смрт на рускиот новинар користеле свинска... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 31 мај 2018
lazno1qq.jpgРускиот новинар Аркадиј Бабченко откри како украинските власти ја инсценирале неговата смрт, со цел да се разоткрие наводен руски заговор за негово убиство.

Шминкер и свинска крв биле користени за да се изведе тоа, кажа Бабченко на денешната прес-конференција.

Украина беше жестоко критикувана за лажното убиство, што Русија го опиша како чин на провокација.

Украинската полиција уапсила еден маж, кој работел за германско-украинска компанија за производство на оружје. Тој, наводно, бил ангажиран од руските безбедносни служби да пронајде атентатор.

„Уапсениот маж бил исплатен откако веста за моето убиство стана јавна“, изјави Бабченко.

Сепак, најмениот убиец претходно ги известил украинските безбедносни служби за планираниот атентат.

„Мојата цел е да бидам жив и моето семејство да биде безбедно. Ова беше мој избор, можев и да одбијам. Сфатив дека нема каде да се бега. Сергеј Скрипал избега во Британија и таму беше чуван, па, сепак, дојдоа до него“, кажа Бабченко.

Облечен во маица издупчена од куршуми и прекриен со свинска крв, Бабченко глумел мртовец, кога бил однесен со амбулантно возило од местото на злосторството, а лекарите кои го прогласиле за мртов, исто така, биле дел од играта. Во мртовечница се пресоблекол, по што од сигурна куќа ги гледал вестите за своето убиство.

Последни измени ( четврток, 31 мај 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive