Нова книга на пилотот Чачкиров:"Како летаат авионите" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 31 мај 2018
promog1qq.jpgАгенцијата за маркетинг и издавачка дејност "Елита" од Скопје,утре ќе ја  промовира новата книга со едукативно популарни содржини од областа на цивилното воздухопловство,чиј автор е пилотот и хроничар на нашето воздухопловство Ѓорѓи Чачкиров.Насловот на книгата е "Како летаат авионите",а промоцијата ќе биде просториите на Комората на инженерите на Македонија (ТЦ Буњаковец,втор кат).

Авторот,Ѓорги Чачкиров е роден во Скопје, по професија сообраќаен инженер – професионален пилот,  од своите најрани години има зачекорено низ лавиринтите на македонското воздухопловство, од моделарство, преку едриличатсво и моторно летање, до наставник за обука на пилоти и раководител на повеќе воздухопловни субјекти во Македонија. Како дел од цивилната авијација дочека и пензионирање, но остана доследен кон пренесување знаења на помладите генерации и пошироката јавност. Првата своја книга, која воедно беше и прва воздухопловна литература на македонски јазик, ја има напишано во дамнешната 1981 г., со наслов „Воздухопловно моделарство“. Потоа, следеа и други негови книги кои го збогатуваа фондот на македонската воздухопловна литература, можеби скромна, но единствена. И овој пат, и оваа книга претставува прво дело од ваков вид во Македонија.promog1q.jpg

 Во таа насока, а со помош на „Пакомак“ од Скопје и „Бониер“ од Куманово, се промовира и ова негово дело. Како едукативно популарна книга, посветена на пошироката јавност, но и на медиумските пера и камери, кои користат изрази од областа на цивилното воздухопловство. Книгата, на едноставен и популарен начин, го доближува воздухопловството до неговото „величество“ – патникот!

 

           

           

           

 

           

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive