М-р Димоски говореше на конгресот на ИПА на Крит PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 30 мај 2018

ipa1q.jpgДвочлена делегација на Македонската секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), учествуваше на 34 национален конгрес на Грчката секција на ИПА, што од 9-ти до 13-ти мај годинава се одржа на островот Крит.На конгресот, репрезенти на ИПА Македонија беа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА-регион Охрид и Душан Јованов, претседател на комисија за надворешни односи.

 

На свечената церемонија на конгресот, во својот пригоден говор,претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, во име на Македонската секција на ИПА, на грчките колеги го честита 34 конгрес посакувајќи им понатамошен успех во работата на ИПА Грција. Димоски ги запозна грчките колеги со активностите на Македонската ИПА и со реализираните проекти, програми и работилници поврзани со Улогата на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството, со предизвиците на полицијата во врска со почитувањето на основните слободи и права на човекот“, „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локалната заедница“, Унапредување на полициската служба и развивање на довербата на граѓаните“ како и за активности од спортски, едукативен и хуманитарен карактер.Претседателот Димоски ја нагласи нашата фокусираност на организација на меѓународната ИПА моторциклистичка средба што ќе се одржи во Скопје и Охрид на 24 и 25 овој месец а посебно со претстојната организација на следниот светски ИПА конгрес што во 2022 година ќе се одржи во Скопје и Охрид.

 

Во рамките на 34 конгрес на Грчката секција на ИПА на Крит, претседателите Димоски и Јованов ги пренесоа поздравите од претседателот на Македонската секција на ИПА Робертино Ацески а со цел унапредување на меѓусебната соработка, остварија средби со Ioannis Karapatakis, националниот претседател на Грчката секција на ИПА, Vasileios Papas- националниот генерален секретар како и со повеќе други претставници на национални ИПА секции и ИПА региони од светот.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive