Судот забрани да се објавуваат фотки од мртвиот... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 23 мај 2018
kobejn1qq.jpgАпелациониот суд во Вашингтон забрани јавно да се објавуваат фотографии од мртвиот Курт Кобејн, фронтменот на „Нирвана“.

Судот заклучи дека со нивното објавување „би се прекршило правото на приватност на семејството Кобејн“.

Вдовицата на музичарот, Кортни Лав и нивната ќерка Френсис Бин Кобејн побараа правна заштита за 55-те фотографии, откако новинарот Ричард Ли побара тие да бидат објавени, обидувајќи се да докаже дека Кобејн не си пресудил самиот, туку дека бил убиен.

Ли девет години ја истражувал смртта на Кобејн, кој изврши самоубиство во 1994 година и дури имал ТВ-емисија на оваа тема, насловена „Курт Кобејн бил убиен“.

Неговиот случај оригинално беше отфрлен од судот во 2015 година, со заклучок дека објавувањето на сликите би било „крајно навредливо“, при што Ли беше опишан како „теоретичар на заговори“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive