ОМД се изјасни за новиот предлог за името PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 21 мај 2018

obedinetadijaspora99a.jpgОбединетата Македонска Дијаспора (ОМД) категорично го отфрла обидот на Зоран Заев да се промени Уставот и да се наметне “ново име” врз Македонија и Македонскиот Народ. Четвртиот Илинден ќе се случи кога вистински државник ќе се роди во Македонија и ќе ја повлече земјата од смешните „преговори“ за македонското име и идентитет под покровителство на Обединетите нации.

“Ние имаме име – Република Македонија. Предлогот на Заев да се смени нашето име во ‘Република Илинденска Македонија’ и волјата премолчано да се согласи со грчката позиција за ‘ерга омнес’ како дополнение на неговите обиди да ја редефинира Македонија како бинационална држава ги загрозија столбовите на кои почива македонската нација“, истакна претседавачот на ОМД Стојан Николов. “Наместо засрамувачки да се обидува да ја редефинира и преименува земјата, Заев треба да се фокусира на економијата и владеењето на правото – кои ќе доведат со создавање на работни места од приватниот сектор и намалување на зависноста од владата (и политичката партија која е на власт.” 

 

Медиумите известија дека грчката влада и опозициските партии го отфрлија предлогот на Заев како неприфатлив, што го поставува прашањето: Дали Грција навистина сака да го реши овој проблем (кој го поттикна)? И дали Грција сака нејзиниот северен сосед како рамноправен член на евро-атлантските институции? Нажалост, грчките политичари ги изиграа нивните македонски колеги во дипломатската арена.

 

Со цел да се покаже како конструктивен, Заев уште еднаш демонстрираше наивност, понижувајќи се себеси и фрустрирајќи ја македонската нација, како што направи со промената на автопатот во Македонија.

 

ОМД го потсетува Заев и другите македонските политичари дека Македонците насекаде во светот никогаш нема да дозволат промена на името на Република Македонија или на нашиот идентитет како Македонци.

 

“Да бидеме јасни, ОМД ќе ги превземе сите чекори потребни да се оневозможи каква било промена на името. Низ годините, Македонците низ светот дале многу жртви, вклучувајќи ги тие од Илинден 1903 борејќи се за слободна и суверена држава. Македонското име, идентитет, и гордост не се за продажба од било кој изгласан службеник, ” рече Александар Митрески, ко-основачот и заменик претседателот на ОМД. 

 

“Повторно и повторно, ОМД има понудено експертски совет на оваа власт, и на претходната за да се реши овој голем проблем за Човековите Права на Македонија и Македонскиот Народ – и сепак Заев и неговите соработници упорно покажуваат аматеризам, прифаќајќи грчки, бугарски, и ЕУ барања, додека поткопуваат се што е Македонско – тоа е погрешно, тоа е неприфатливо, и тоа е апсурдно,” рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. 

 

ОМД е збунета зошто Македонската власт и опозиција не можат јавно да се помират со фактот дека таканаречениот и грчки измислен “спор за името” никогаш не бил за името, туку е за идентитетот на Македонскиот Народ. Ова секогаш се користело како изговор од сите Грчки власти и други институции да се одбие Македонскиот Идентитет. 

 

“Изјави како ‘треба да видиме предлог на писмено,’ ‘не прифаќаме измени на уставот,’ и ‘потребен е референдум за новото име’ – се лоши изговори за вистинско лидерство и ја турка Македонија подалеку од јасен крај на оваа апсурдна дебата,” реќе Николов. 

 

ОМД ја повикува Западната демократска заедница, со САД и ЕУ на чело, да престанат да вршат притисок врз Македонија да го смени своето име за да влезе во НАТО и ЕУ – притисок кој води спротивно на нивната иницијатива – Привремената Спогодба од ОН
Последни измени ( понеделник, 21 мај 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive