Во Дебарца има регистрирано седум диви депонии PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 20 мај 2018

slicna1qq.jpgСпоред документите н Енвироплан  СА  од  Грција заедно  неколку европски партнери и носители на конзорциумот  предивдуваал изградба на фабрика за рециклажа на отпад во Годивје,Дебарца,а не само складирање на ѓубре,велат наши извори од Југозападниот плански регион.

Оваа своевидна фабрика  би го спасило охридско,струшкиот регион од отпадот за подолг временски период.

 

Годивје нема да биде одлагалиште на отпад, туку место каде што е планирано подигнување на модерна – централна постројка, односно комплексза управување со отпад, со низа инфаструктурни подсистеми (чие чинење се проценува на околу 35 до 40 мил.евра), каде што ќе се  обработува, претходно, селектиран комунален отпад, и како резултат на што ќе се продуцираат сериозни излезни бенефити за Годивје, Дебрца, па и за целиот Југозападен плански регион. (Ако амбиентов во кој живееме има(ше) свои нормални текови, Дебрца, ќе треба да биде горда на своја територија да добие една ваква инвестиција! По мое скромно мислење, само вакви и слични инвестиции може да придонесат Дебрца малку да живне и да опстои,  и да не (по) стане Територија на Топоними, оти како што тргнале работиве - мошне брзо - ќе нема ниту жители, та ниту општина!) ,вели наш извор од Југозападниот плански регион.

 prikaz1qq.jpg

Нашите соговорници тврдат дека оваа фабрика за рециклирање на отпадот  ги има сите механизми за спечување на загадување на почвата.

 

 „Централната постројка со целокупната е проектирана на начин кој ќе ги задоволи условите неопходни за да се спречи загадувањето на почвата, подземните или површински води, и да обезбеди ефикасно собирање на исцедокот. Облогата кај одлагалиштето ќе биде согласно националните стандарди и барањатана ЕУ (Директива 99/31/EC), и може да вклучува (од дното нагоре) геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и дренажен слој. Концептот на проектирање ги следи топографијата и геологијата на местото. Влезот е предвидено дсеверозападниот дел наместото. На самиот влез ќе има интерен пат кој започнува со широчина од 8 m и завршува надолу од одлагалиштето каде е предвидено да биде постројката за третман на исцедокот, до која исцедокот ќе се слева по гравитациски пат (надморска височинаод +885.00 m). Веднаш откако ќе влезат на местото, возилата ќе поминат покрај чуварницата и колската вага. Ако има возила кои не е потребно да се мерат, тие ќе можат да ја заобиколат колската вага со странични ленти. Ако го следиме и понатаму истиот пат надолу, доаѓаме до постројкитеза биолошки третман и за зелениотот пад. Поконкретно, ова ниво, кое се простира на површина од 19,710 m2 и има средна надморска височинаод +900.27 m, се наоѓаат објектот за анаеробна дигестија со резервоарот за вода и биофилтерот, делотза компостирање на органскиотматеријал, делот за компостирање на зелениот отпад, станицата за биогас и факелот (горилникот) за депонискиот гас.Во Комплексот предидена е  изградба и на Пречистителна станица  која во крајна линија ќе ги елиминира (најголемите) опасности, односно загадувањето на водите,појаснуваат нашите соговорници од Југозападниот плански регион.

 

Во Дебарца минатиот месец,а и пред тоа сите политички структури едногласно се изјаснија против  изградба на регионална депонија во реонот на Годивје,Дебарца,со образложение дека тоа ќе ја загрози животната средина на овој еколошки чист крај.Свое емотивн описмо до јавноста,а против градба на депонија испрати и писталелот  Трајан Петровски.

.

Минатиот месец се одржа и гоем поротест во Дебраца против изградбата на деопонијата.

 

Заради илусрација во реонот на Дебарца постојано живеат неколку илјади жители.Голем дел од дебрчани во Охрид се преселија во седумдесеттите години од минатиот век.

Во реонот на Дебарца се регистрирани се 7 диви депонии,а во Охрид 9 диви депонии.
Последни измени ( недела, 20 мај 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive