Мицкоски ќе се изјасни за предлогот за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 19 мај 2018
mickoski1qq.jpgЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски рече дека ќе ја почека лидерската средба, па после ќе се изјасни за името за кое премиерот Зоран Заев изјави дека може да биде конечно решение во спорот за името. Лидераската средба е закажана за денеска попладне во Клубот на пратеници во Скопје. Поканата од премиерот Заев ја прифатил и претседателот Ѓорге Иванов. Да ја почекаме утрешната лидерска средба кога ќе имам попрецизни информации за предлогот“, рече синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршната вечера на процесот „Жан Моне“ во Охрид.

„Од учесниците очекувам да дознаам што се договорило на средбата Заев-Ципрас во Софија. Дури тогаш ќе имам попрецизни детали. Да ја почекаме лидерската средба кога ќе го соопштиме нашиот став“, изјави Мицкоски.

Прашан за неговиот став за предлогот „Република Илинденска Македонија“, што беше објавен во медиумите, Мицкоски кратко рече: „Мене лично ми одговара Република Македонија“.

Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи не дадоа изјави.

Биљал Касами, лидер на Движењето Беса, рече дека немале официјална информација околу предлогот за спорот за името.

„Името мора да ја има реалноста на општеството, а тоа е мултиетничкиот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани. Лично мислам дека името Република Македонија треба да остане, за се друго треба да има нов договор“, рече Касами.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села смета дека многу е важно ако има договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент за влез во НАТО и во ЕУ.

„За други наши ставови треба да се дискутираат органите на партијата. Македонија е секуларна држава и по секоја цена тоа треба да се чува. Ако веќе сме имале проблеми кои потекнуваат од третиот век пред нашата ера, не треба да се враќаме во 9. век пред нашата ера“, рече Села.

Пратеници на власта и опозицијата во Охрид во процесот „Жан Моне“, заедно со тројцата европратеници, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан и Иво Вајгл, два дена дискутираа како да се подобри функционирањето на Собранието.

Во заклучоците од состанокот стои потребата од правење на етички кодекс за пратениците, измени на Деловникот, како и зголемување на соработката на администрацијата на Собранието и Европскиот парламент.

Состанокот беше завршен со вечера на која беа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на ДПА – Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и од Беса, Билал Касами. Покрај лидерите, присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери, евроамбасадорот Самуел Жбогар и пратеници од опозицијата и од власта.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive