Јане снима спот за УЕФА со Фиго PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 18 мај 2018
jane1dd.jpgДеветгодишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија  во Лион играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.

Јане по покана на УЕФА се наоѓа во Лион, каде се снима видео спот за кампањата „Еднакви на терен“. Јане во друштво на Фиго и Абидал во спотот играат мал фудбал.

„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“, а Јане е еден од лицата на кампањата.

Јане на плоштад во Лион играше мал фудбал заедно со Луис Фиго. (Фото: УЕФА)

„Покрај за прославата на една година од почетокот на кампањата ‘Еднакви на терен‘, Јане е поканет да го гледа и финалето во Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, што ќе се игра во Лион“, ни рече Деница Велковска мајката на Јане.

Јане од своето раѓање боледува од спинална мускулна атрофија тип 2  и е врзан за инвалидска количка. Деветгодишното момче уште чека државата да му го обезбеди лекот за неговата ретка болест „спинраза“.

Во јануари тој беше гостин во Владата на премиерот Зоран Заев, кој тогаш вети дека веднаш ќе почне постапката за набавка на овој лек.

Извор:Сакам да кажам

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive