Вредна холандска донација за Црвен крст PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 17 мај 2018

crvenkrst10t.jpgВо рамки на долгогодишната и континуирана соработка на Црвен крст Охрид со Националниот Здравствен Сервис на Холандија ((NHS) во делот на првата помош, во тек е реализација на уште една донација наменета за тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид и на тимовите на спасители од Службата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид. Донацијата се состои од два LIFE PACK монитори на кои можат да се следат виталните животни функции во човечкото тело и во случај на потреба да се интервенира со вграден дефибрилатор.

На денешното предавање на донацијата од страна на претставник на NHS од Холандија Г-дин Rob Sudmeijer, кој воедно е и инструктор за прва помош на Црвен крст Зеволде, Холандија,  кое ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид во 13 ч. ќе присуствуваат и претставници на Средното  економско училиште „Кирил и Методиј“ од Охрид и ученици од медицинските паралелки кои ќе можат да ги видат овие медицински апарати, а во иднина и да ги користат истите за обавување на потребите од наставата.

Посетата на претставникот на NHS од Холандија ќе биде искористено за подготовка на програма за нова обука за парамедици за потребите на Црвен крст Охрид, која според европските стандарди и под водство на инструктори од NHS од Холандија би се реализирала во месец септември 2018 година.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive