ОМД:Владините субјекти да се воздржат од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 16 мај 2018

obedinetadijaspora99a.jpgПо повод предстојниот Самит на земјите од Западен Балкан во Софија, Република Бурагија, закажан за 17ти Мај 2018 година, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), и покрај пораките канализирани преку 40 мирни и демократски собири со излезност од над 150.000 Македонци ширум светот преку глобалното движење "Ние Сме Македонија", апелира до владините субјекти да се воздржат од преговорите за промена на името, уставот, суверенитетот и идентитетот на Република Македонија. 

ОМД како најголема организација на Македонската дијаспора, верува дека никој нема право да преговара за името, идентитетот и уставот на Републиката, за кои на 8 Септември 1991 година, со убедливо мнозинство од 95%, народот одлучил за тоа како ке се именува, уредува и идентификува државата, во нејзнината внатрешна и надворешна политика. Според ОМД, промена на името, уставот и идентитетот на Македонија, е казливо дело, за кое ОМД се залага да ги информира сите субјекти од Советот за Безбедност на Обединетите Нации и организации за Човекови Права, како би се докажала нелегитимноста на чинот и неговите чинители. 

 

Наместо политика на понизност како би се удоволило на безкрупулосните барања на јужниот сосед, ОМД апелира да се задржи достоинството на Македонија преку прекин на прегодоворите и посветено работење на нејзините демократски капацитети, економија и конкурентност. Наместо промена на името на државата, ОМД верува дека на Македонија и е потребно структурално рестартирање со цел да се постават здрави основи за соодветно работење на административниот, правниот, корпоративниот, финансискиот и граѓански сектор. Во тој правец, ОМД ги подржува политичките субјекти да ја искористат можноста за соработка со земјите членки на Европската Унија и регионот, преку Берлинскиот процес и предстојниот Самит за Западен Балкан во Софија, Република Бугарија.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive