"Мостови на Струга" за Финецот Паули Тапио PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 15 мај 2018

pauli1q.jpgУправиот одбор на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга која  ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО, во конкуренција на 23 книги од 13 земји, да му биде доделена на финскиот поет Паули Тапио за книгата "Врапчињата и времето" (Varpuset ja aika).  

Паули Тапио е роден во 1986 година во северниот фински град Оулу. Во детството неговото семејство неколку години живеело во странство, во САД, во Чехословачка и Обединетото Кралство. Потоа живеел во Хелсинки, Финска и Санкт Петербург, Русија. Студирал финска книжевност и руски јазик на Хелсиншкиот Универзитет и работи како книжевен критичар, организатор на настани и преведувач. Тапио превел неколку книги од руски јазик меѓу кои и Сергеи Довлатов и Светлана Алексиевич, како и поезија од млади руски поети. Моментално работи на Хелсиншкиот Универзитет каде што предава и спроведува истражувања за својот докторат за формирањето на слободниот стих во модернистичката финска поезија.

 

"Врапчињата и времето", неговата дебитантска книга поезија за која ја добива наградата „Мостови на Струга“, e објавена во 2017 година. Истата година ја добила престижната награда за книга „Хелсингин Саномат“, која што се доделува за најдобра дебитантска книга проза или поезија за таа година. Во својата поезија, Тапио особено се занимава со ритмите во финскиот јазик. Исто така заинтерсиран е за формалните и стилски конвенции од различни поетски традиции и сака застарените форми и ограничувања да ги прилагоди во современите контексти задржувајќи ја врската со иновативната современа поезија на својот мајчин јазик и на другите јазици. Тематски, неговата прва збирка ја истражува судбината на модерната индивидуалност фатена во грчот од светската историја и светските политики.

 

"Врапчињата и времето"  на Паули Тапио трогнува со својата прецизност и длабочина. Тоа е зрела, комплексна и од аспект на книжевната техника исклучително вешто компонирана книга која истражува трогателни теми за сложеноста и тешкотијата во општењето меѓу луѓето, за копнежот по значење и комуникација. Низ еден тежок меланхоличен тон сопоставени едни на други се прикажуваат описи на историските методи за мачење, наслови во весниците за превртени бродови со бегалци, а од другата банални, случајни записи во дневник. Паули Тапио низ ваквите споеви на различни текстуални материјали дава еден лиричен тон кој предупредува за опасностите од нечуствителноста и рамнодушноста. Тоа се стухови кои немилосрдно ја одразуваат бедата и збунетоста на нашето време. Стихови во кои сликите на очајната збунетост што ја чувствува индивидуата во време на сè побрзата дезинтеграција, а кои се предадени низ драматичен тон, пречесто по полн со политички набој.

 

Книгата "Врапчињата и времето" функционира на повеќе нивоа, движејќи се од широки глетки до ситни детали и сè така напред и назад во времето и просторот. Личното се поврзува со универзалното, концептуалното со емпиричното. Помпеја е закопана под хаштази, минатите животи се згуснуваат во планети, сателити шпиунираат провинциски градови. Мислите летаат од една рамнина кон друга како зраци светлина заробена во сала на огледала, а одвреме навреме се кристализираат во концизни сознанија.

 

Некои од песните прилагодуваат стари форми и метрики, но повеќето се напишани во слободен стих. Во збирката има доста поезија во проза, па дури и проза. Тапио храбро експериментира со разни стилски средства што кај читателот побудува сомнеж околу тоа кој е најсоодветен начин за читање. Успева да постигне моќен ефект преку обични средства, често употребувајќи по малку и шоканти, неочекувани споеви или употреби на истите. "Врапчињата и времето" на Паули Тапио е книга што изненадува. Речиси секоја песна има различна форма. Постојано тежнее да изнајде или да прилагоди соодветна форма или формално решение на содржинските, на тематските преокупации, што на некој начин дава една увереност во моќта на конкретното изразување.

 

Наградената книга според правилата од страна на Струшките вечери на поезијата ќе биде објавена во тројазично издание (фински, македонски и англиски јазик). Истата ќе биде претставена за време на овогодишното издание на фестивалот (22–27 август), кога и ќе му биде врачена наградата.

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Отворена ликовната колонија "Дебарца"

kolo1dd.jpgВо  Белчишта, општина Дебрца, синоќа свечено беше отворена интернационалната ликовната колонија “Дебрца – 2018”, една од најстарите и со најбогат фонд уметнички дела, во нашата земја.

Читај повеќе...
 
"Стаклена Менажерија" на Охридско лето

staklena1qq.jpgКомплекси, несигурност, суровост на современиот човек кој ја загубил смислата за солидарност и сочувство кон послабите. Оваа реална слика оригинално ја доловија актерите од Народниот театар од Охрид кои вчера во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ја одиграа вонвременската театарска претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс.


 

Читај повеќе...
 
Заврши кампњата "Го сакам градот безбеден"
gosakamgradot1q.jpgСо мото дефилето „Носам кацига-легално е“, денеска општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Охрид, ги заврши предвидените активности поврзани со републичката кампања за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“.
Читај повеќе...
 
Кампања:"Мобилниот не е поумен од тебе"
umen1qq.jpgОпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на националниот проект за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“, денес ги реализира кампањите „Безбедно вози-без алкохол вози“ и „Мобилниот не е поумен од тебе“.
Читај повеќе...
 
ФИНА го потврди одржувањето на Охридскиот пливачки...
maraton100.jpgFINA Официјално го потврди одрживањето на FINA Ultramarathon Swim Series #3 "Klime Savin" кој ќе се одржи во Охрид на 25-ти Август 2018.
Читај повеќе...
 
Утревечер почнува Охридската "Бела ноќ" (Видео)
bela1dd.jpgУтревечер почнува Охридската "Бела ноќ".
Читај повеќе...
 
Продолжено работното време во угостителските објекти
prodolzeno1q.jpgСоветот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука  за продолжување на  работното време на угостителските  објекти.
Читај повеќе...
 
Креативни постдипломски студии на УИНТ од Охрид
pavle500nn.jpgУИНТ, Охрид, нуди креативни постдипломски студии во областа на информатичките науки и технологии.
Читај повеќе...
 
Отворено Охридско лето-победа на уметноста
snimka1q.jpgУметноста нема да се предаде, таа е последната палуба каде што луѓето се заедно, порача синоќа актерот Никола Ристановски, во пораката од уметниците која традиционално се чита на свеченото отворање на Охридско лето во Античкиот театар.
Читај повеќе...
 
Колекторот работи со 30 насто од капацитетот
kolektor1ww.jpgДиректорот на охридска „Про Аква“ Владимир Алексиески вели дека колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро од отпадни и загадени води е во хаотична состојба и работи само со 30 отсто од вкупниот капацитет,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажакм.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive