Уште еден "Детски семафор" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 15 мај 2018

detski1q.jpgОпштинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, и оваа година, заедно со учениците од основните училишта во Охрид, ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор".

Општинскиот натпревар "Детски семафор 2018" ќе се одржи утре (среда) во 10 часот во Основното училиште „Христо Узунов“, каде најнапред ќе се одржи теоретскиот дел односно електронско полагање на сообраќајни тестови  а потоа во 11 часот на кеј „Македонија“, каде ќе се изведе практичниот дел од натпреварот.

За спроведување на општинските натпревари, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, ги обезбеди електронските тестови како и признанија и благодарници за учесниците.Наградите за освоено прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција ги обезбедува Локалната самоуправа. Традиционално, за првонаградените во машка и женска конкуренција се обезбедува по еден  велосипед додека за второ и трето пласираните по една велосипедска кацига или друга пригодна награда. Гости на натпреварот „Детски семафор“ е велосипедската група од училиштето „Јахја Кемал“ во Струга.

Целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор" е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive