Кинез со вештачки нозе се искачи на Монт Еверест PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 14 мај 2018
noze1q.jpgКинески планинар, на кој двете нозе му биле ампутирани поради смрзнатините што ги претрпил на Монт Еверест пред повеќе од 40 години, успеа да го искачи највисокиот врв на светот на стартот на новата сезона.

Во 1975 година, Шија Боју останал без двете стапала откако му ја дал својата вреќа за спиење на болен колега при невреме на голема височина.

Сега 69-годишен, Боју стана само втор човек без двете нозе кој се искачил на Монт Еверест, но прв кој го направил тоа од непалската страна.

Невремето што го погодило Боју во 1975 година се случило во таканаречената зона на смртта, блиску до врвот, на висина над 8.000 метри, кога тој и неговата екипа останале заглавени три ноќи. Во прв момент му биле ампутирани само стапалата, а подоцна останал без двете нозе целосно поради рак. Сепак, тој никогаш не се откажал од сонот да се искачи на Монт Еверест.

Тоа беше мој сон и морав да го остварам. Тоа беше мој личен предизвик, но и судбина“, изјави Боју, кој имаше и три неуспешни обиди во последните четири години.

Марк Инглиз од Нов Зеланд во 2006 година стана прв и досега единствен човек без двете нозе кој го остварил овој подвиг.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

37161158_10216642329161343_414094414235828224_n.jpg


 

   

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive