Еден милениум на Охридска Архиепископија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 14 мај 2018
iljadaisto1q.jpgНа највисоко државно и локалоно  ниво со бројни културни, научни, академски образовни и спортски  настани кои ќе се реализираат во период од  месец  мај  до  декември годинава  ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридската Архиепископија.  Претседателот на државава, Владата, Македонската филхармонија и општина Охрид се главни поддржувачи  на активностите на Македонската православна црква за одбележување на еден од најзначајните јубилеи за македонската држава и народ.

На прес конференција што денес се одржа во општинската зграда беа изнесени детали околу  централните свечености кои ќе се одржат во Охрид.

Градоначалникот Јован Стојаноски посочи дека  е гордост и обврска милениумското чествување  да помине достоинствено и во духот на универзалните  хуманистички вредности.

 

 

    -На овие простори, според научни сознанија, имало континуиран живот  7000 години, а траги оставале речиси сите цивилизации. Тие траги видливи се и сега  и се сведоци за богатата историја на Охрид.Тука секој може да ги види наслагите на минатото, да ги види ранохристијанските базилики, прекрасните мозаици и  бројните цркви со  ретките фрески и икони. Посебно место во нашата богата духовна историја има Охридската архиепископија, која освен на македонско тло се простирала и на српска, бугарска и албанска територија, а во тоа време Охрид се развива во центар на православието и културата. На тој цврст темел на Охридската архиепископија е изградена и нашата Македонска православна црква, нашиот духовен светилник и неизбришлив белег на нашиот духовен идентитет.Делото на Светиот Апостол Павле, кој на овие простори почнал да го шири христијанството, подоцна го продолжуваат Светите Климент и Наум Охридски, учениците и следбениците на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.Тие продолжуваат со мисијата на ширењето на сесловенската писменост и култура, а Свети Климент го отвора, според многумина најстариот универзитет во Европа, со околу 3 500 ученици. Испреплетеноста на важни културни и историски настани, го прават Охрид, крстопат на цивилизациите, духовен и центар на сесловенската писменост и култура. Токму поради тоа, одбележувањето на 1000 годишнината од формирањето на Охридската архиепископија е голем настан за нас но и за сите земји од православието – рече градоначалникот Стојаноски.

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски посочи дека станува збор за одбележување на несекојдневно значаен  настан црковен и духовен кој го обединува нашиот народ. Тој упати повик до сите братски балкански народи да дојдат во Охрид и  да присуствуваат на централната  свеченост што  на крајот од мај  ќе се одржува по повод 1000 години Охридска Архиепископија.

- Централната свеченост за одбележување на настанот ќе се случи за две недели во Охрид.  На  27  мај  во црквата Св. Софија ќе се одржи  свечена академија по повод јубилејот под покровителство на Претседателот на Р. Македонија каде свои пригодни обраќања ќе имаат државниот и црковниот врв. Наредниот ден, 28 мај ќе се одржи литургиското чествување коешто ќе биде соборно, а ќе чиноначалствува Поглаварот на Македонската Православна Црква во сослужение на сите членови на светиот архиерејски синод  со сите свештено служители и монаштвото на МПЦ- истакна Сотироски.

На централната манифестација  на 27 мај  свое учество ќе има и Македонската филхармонија. 

- Со пригоден концерт на централната свеченост  во катедралната црква Св. Софија на 27 мај  ќе се приклучи и  Македонската филхармонија. Ќе настапи камерниот оркестар во придружба со хоровите на  братството од манастирот во Рајчица и манастирот Св. Јован Бигорски. Камерниот оркестар ќе го води истакнатиот диригент Борјан Цанев, а за приликата ќе се распишат аранжмани на композиции со световна тематика од македонските тропари ,објасни шефот на оркестарот на Македонската филхармонија, Горан Муратоски.       

За одбележување на  големиот настан  1 000 години од  основањето на Охридската архиепископија, Охрид очекува бројни гости од земјава и странство.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Голем интерес кај младите за правата од работен...

rabo1w.jpgЗдружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид денес организираше инфо ден, во рамки на националната кампања- "365 работнички права на младите". Меѓу младите средношколци и студенти во градов, владее голем интерес за детално запознавање со нивните права при остварување работен однос, по завршувањето на основното, средното и високото образование.

Читај повеќе...
 
Пожар направил голема материјална штета кај Мешеишта

svroohrid2q.jpgНа 20.09.2018 година во 11.00 часот, од засега неутврдени причини, во месноста „Брестој“ помеѓу селата Требеништа и Мешеишта-општина Дебарца, избувнал пожар и ги зафатил околните ниви, стрништа и овоштарници. За кусо време, пожарот се проширил во радиус од околу два километри и предизвикал голема материјална штета.

Читај повеќе...
 
Генерал на гардата на Вермонт,САД, кај Стојаноски
general1ww.jpgГрадоначалникот Јован Стојаноски, денес имаше протоколарна средба со генерал- мајорот Стивен Креј, генерал- аѓутант на Националната гарда на државата Вермонт од Соединетите Американски држави и неговите соработници
Читај повеќе...
 
Инфо -ден за работничките права на младите
prava1d.jpgЗдружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид во текот на утрешниот ден ќе организира инфо ден, во рамките на националната кампања "365 работнички права на младите.
Читај повеќе...
 
"Италијанец" од Тирана сопрен на охридскиот аеродром
aerodrom1.jpgЖител на Тирана се обидел да ја помине помине контрола на охридскиот аеродром,преставувајќи се како Италијанец.
Читај повеќе...
 
Шест нови проекти од програмата Промоција на...
herojski1ww.jpgЦрвен крст Охрид со големо задоволство го најавува настанот ПХВ ШОУ на кој ќе биде промовиран финалниот производ од овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), а ќе бидат претставени и 6-те проекти кои ги изработија 47 младинци како дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ.
Читај повеќе...
 
Стебло со "ликови" на Охридскиот кеј

lik1e.jpgНа охридскиот кеј,веднаш пред хотелот "Нова Ривиера" расте дрво на чије стебло  природата нацртала повеќе ликови.

Читај повеќе...
 
Успешна медиумска промоција на Охрид
uspeh1s.jpgУспешната сезона не е случајност, Охрид и останатите убавини на Република Македонија беа промовирани во бројни медиуми во 12 земји. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија реализира медиумска кампања во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија. Посакуваните резултати од медиумските активности се задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазар.
Читај повеќе...
 
"Билјанини Извори" организира турнир во баскет

sala1q.jpgЈП "Билјанини Извори" - Охрид, по повод чествувањето на 7 - ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет 3 x 3.

Читај повеќе...
 
СВР-Охрид за сообраќајката кај Аеродромот
policija100k.jpgНа 18.09.2018 година во 07 часот и 15 минути, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на аеродромот, се случи  сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил  марка Ауди А8 со тетовски регистарски ознаки.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive