ОМД го негува делото на Гоце Делчев PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 04 мај 2018
delcev1q.jpg“Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазикот”, "Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите", "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, како македонскиот", - ова се само дел од цитатите на најголемиот македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, апостол, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, Ѓорѓи (Гоце) Делчев.

И после 115 години, Македонија го слави највлијателниот револуционер за самостојна македонска држава, роден во Кукуш на 4 фебруари 1872, и трагично загинат во село Баница, Серско на 4 мај 1903.

 

Делчев е плод на својата епоха, кој го положи својот живот за стремежот на македонскиот народ за слободна и независна државност. Израснат со идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој целиот свој живот го посвети на македонската ослободителна револуција. Како просветител и револуционер, идеолошки и воен лидер, Делчев е еден од најголемите револуционери кои ги познава Македонската историја, во борбата за самостојност и државност.

 

Школуван во Кукуш, Солун при Гиназијата “Св Кирил и Методиј”, како и при Военото Училиште во Софија, Делчев се смета не само за револуционер во македонското ослободително движење, туку и за револуционер во научниот опсег на македонскиот народ, кој при размена на литература со социјалистичка содржина, ја осознал материјата и ширел преку социјалистичките кружоци, поради што честопати бил казнет со исклучување од образовните установи и лишен од правото на офицерски чин. 

 

Додека образованието му помогнало да ја согледа поробената положба на македонскиот народ, со верување дека “Е неопростиво за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме и чекаме други да не ослободуваат,” Делчев ја основа македонската внатрешна револуционерна организација. Неговата амбициозност во духовното будење и издигање на македонскиот народ преку својата учителска дејност, како и на неговата борбеност во организација на револуционерно движење и отпор против окупаторот водени со помислата дека “Нема зошто да губиме вера во иднината...во нив се крштаваме и ние и народот,” се начела на во голема мера ја должиме слободата која ја уживаме денес. 

 

Во чест на заложбата и жртвата која Гоце Делчев несебично ја има положено за слобода и независност на македонскиот народ, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го памети, негува и слави неговото дело. Со верување дека секоја генерација има своја битка, ОМД смета дека зачувувањето на македонската државност, име и идентитет се битка на нашата генерација, кои како аманет за непокор ни ги оставија оние кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. 

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive