Единаесет конгресмени бараат прием на Македонија ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 03 мај 2018

Обединета Македонија Дијаспора (ОМД) ја информира јавноста дека 11 конгресмени, предводени од Конгресменот Џим Бенкс од Индијана, каде има голема македонско-американска заедница, испратија писмо од Генералниот Секретар на НАТО Јан Столтенберг со барање покана за полноправно членство на Македонија во НАТО – клучно за Американските интереси во Балканот како и за Алијансата. Конгресмените се членови на Конгресната група за Македонија и Македонско-Американци основана во 2011 година во соработка со ОМД.

obedinetadijaspora99a.jpg

 

Почитуван Јан Столтенберг,

Генерален Секретар на НАТО

 

Од основањето на дипломатските односи во 1995, Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Македонија во нејзината аспирација за полноправна интеграција во Евро-Атлантските институции, при што остануваат верен партнер кој ја помага Македонија во јакнење на нејзините демократски капацитети. За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, на кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и Македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО.

 

Заедно со нашите партнери во Извршната Гранка, ние во Конгресот внимателно ја следевме политичката и дипломатска состојба на Македонија. Како што Македонија се движи на патот кон постабилна иднина, ние гледаме огромена можност за понатамошна промоција на нашите взаемни односи клучни за Балканот. Затоа, ние особено сме охрабрени од надежта на прогресот низ разговорите под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на Македонските и Грчките лидери да ги унапредад своите односи.

 

Соединетите Американски Држави демонстрираа голема вредност во своите односи со Македонија. Со клучниот институционален напредок во своите способности и капацитети, Македонија ја зголемува својата подготвеност да стане полноправна членка на НАТО. Воедно, Македонија покажа подготвеност и преку своето учество во НАТО операциите во Косово и Афганистан, како и со тоа што застана на наша страна во случајот со Ирак. Како што НАТО прогресира во растечка и комплексна средина конкурентна на Русија, така и потребата Македонија да биде примена во нашата клучна алијанса е несомнена.

 

Со ова на ум, ние силно ве охрабруваме да ја поканата Македонија за членство во Алијансата. Таквиот одлучувачки чекор, не само што е од интерес за Алијансата, туку е и од интерес на нашата перспектива против Руската агресија.

 

Искрено,

 

11 конгресмени пријатели на Македонија

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive