Исчезна дрвото што го засадија Трамп и Макрон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 02 мај 2018
drvot1qq.jpgДрвото што францускиот претседател Емануел Макрон му го подари на Доналд Трамп при неговата минатонеделна посета на Вашингтон исчезна од тревникот пред Белата куќа.

Двајцата претседатели заеднички засадија садница даб, што беше земена од местото на битка од Првата светска војна во североисточна Франција.

Макрон притоа изјави дека дрвото ќе биде потсетник на врските што постојат помеѓу двете земји.

Но, на местото кадешто беше засадено, по само една недела може да се најде само купче земја и францускиот амбасадор во САД напиша на Твитер дека садницата била однесена во карантин.

Дрвцето беше донесено од местото на коешто во летото 1918 година се водела Битката на Беју Вуд, во којашто загинале и речиси 2.000 американски војници. Сепак, тоа по само неколку дена исчезна без објаснување, што предизвика низа шпекулации на интернет.

„Ваков тип даб е подобро да се засади во есен, затоа што постои можност коренот да му се исуши преку лето. Да се надеваме дека дрвото ќе се врати во октомври“, објави француското радио „Франсинфо“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive