Иранки се маскирале во мажи за да гледаат фудбал PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 02 мај 2018
iranki1qq.jpgНеколку Иранки покажаа на што сѐ се подготвени само за да влезат на стадион и да гледаат фудбалски натпревар, што најчесто им се забранува на жените во оваа земја.

Носејќи бради и перики, тие се маскираа во мажи за да бидат присутни кога нивниот омилен клуб Персеполис ќе ја прослави шампионската титула на средбата со Сепидрод, на стадионот „Азади“ во Техеран.

Иако во Иран официјално не им е забрането на жените да присуствуваат на спортски натпревари, многу често не им се дозволува влез на трибини.

Во минатото, тие дури беа казнувани за ова. Британско-иранската активистка Гонче Гавами беше приведена откако дојде да гледа машки одбојкарски натпревар во 2014 година, а во март годинава, 35 жени беа приведени откако се обиделе да влезат на стадион.

Една од жените на фотографиите што се проширија на социјални мрежи призна дека веќе трипати го употребила овој трик за да влезе на стадион, со тоа што користела различни маска и шминка.

„Само еднаш досега бев запрена од обезбедувањето. Сега ги поминавме двете контроли во група и никој ништо не забележа. Дури кога седнавме на трибина, сите сфатија. Некои се сликаа со нас и ни дадоа поддршка“, вели таа.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive