Охрид ќе соработува со Дубровник,Котор и Мостар PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 26 април 2018
memo1ee.jpgЗацврстувањето и проширувањето на пријателството преку здружено учество и меѓусебна соработка на сите полиња од заеднички интерес, е само еден дел од меморандумот за пријателство, кој вчера во Котор го потпишаа, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, градоначалникот на Котор Владимир Јокиќ,градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ и главната советничка на градоначалникот на Мостар Рада Комадина. Со потпишувањето на меморандумот, четирите града кои се под заштита на УНЕСКО, ја потврдија намерата заедно и истрајно да делуваат  во областа на заштитата  и промоцијата на своето природно и културно наследство, со размена на искуства во унапредувањето на јавната свест за значењето  на статусот на листата на УНЕСКО.

-Исклучително сум среќен по потпишувањето на меморандумот за соработка и пријателство   помеѓу градовите Охрид, Дубровник, Котор и Мостар. Со потпишувањето и како држава и како град се надеваме дека ќе ги унапредиме меѓусебните односи пред се во областа на заштитата на културното и природното богатство. Имавме конструктивни разговори со претставниците на градовите кои се под заштита на УНЕСКО,  во кои централно место имаа прашањата околу заштитата на културното наследство  и развојот на туризмот и бизнис соработката- изјави градоначалник Јован Стојаноски.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, се одржа заеднички состанок на Бордот на директори на Организацијата на градови  со светско културно наследство (OWHC) .
Во меморандумот за соработка меѓу градовите заштитени од УНЕСКО, покрај соработката за заштита на културното наследство, наведени се и други форми на развивање пријателство преку соработка  во спортот, културата и бизнис заедниците.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive