Канада ќе ги декриминализира дрогите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 16 април 2018
dekri1qq.jpgНеколку месеци пред Канада да стане првата членка на Г7 која целосно ќе ја легализира марихуаната, членови на Либералната партија, на чие чело е премиерот Џастин Трудо, ја повикаа владата да отиде чекор понапред и да декриминализира поседување и употреба на сите недозволени дроги.

Тоа е една од оние работи на кои нѐ учат од најрана возраст, дека дрогата е лоша и нормално е што луѓе се затвораат поради употреба на дрога. Но, кога ќе ги слушнете искуствата на луѓето кои го проучувале или живееле тоа, тогаш тоа не е вистинскиот пристап“, изјави пратеникот од Либералната партија, Натаниел Ерскин-Смит.

Означувањето на користењето на дрога како криминално, а не здравствено прашање само му помага на црниот пазар и ги маргинализира оние кои најчесто се веќе на маргините на опшеството, додава тој.

Повиците за декриминализација уследија додека опиоидната криза продолжува да зема животи во цела Северна Америка. Минатата година, само во Канада починале околу 4.000 луѓе поради употреба на опиоиди, повеќе од вкупната бројка убиства и загинати во сообраќајни несреќи. Само во Британска Колумбија во просек имало четири случаи на предозирање дневно.

Целосната декриминализација на дроги даде позитивни резултати во Португалија, кадешто потоа се намали бројката на трагични предозирања и на нови ХИВ-случаи, како и криминалот поврзан со дрога.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive