Слета првиот авион на "Онур - Ер" од Истанбул PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 15 април 2018

on4ww.jpgСо воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачиња и сечење торта, "ТАВ Македонија" срдечно ги пречека првите 180 патници кои попладнево пристигнаа на охридскиот аеродром "Свети Апостол Павле" од Истанбул, во авион од типот "Ербас - А320" на авиокомпанијата  Онур ЕрЌ, во организација на тур-операторот Татилбудур.ком

Новите сезонски летови Истанбул-Охрид-Истанбул ќе функционираат секоја недела, во периодот од 15-ти април до 21-ви октомври, со време на полетување од аеродромот Ататурк во Истанбул кон Охрид во 13 часот и 30 минути, додека од Охрид кон Истанбул ќе полетуваат во 15:00 часот.


-На наше големо задоволство денеска на охридскиот аеродром го пречекавме првиот лет од Истанбул и го одбележуваме почетокот на соработката со авиокомпанијата Онур Ер и тур-операторот Tatilbudur.com на македонскиот пазар. Во текот на ова лето, повеќе од 4.500 патници со 23 летови од Истанбул ќе пристигнат на аеродромот во Охрид, а летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, од 15-ти април до 21-ви октомври. Ова ќе биде значителен придонес за порастот на вкупниот број турски туристи овде, како и за развојот на туризмот на Охридското Езеро воопшто. Иако се организирани како туристички пакети, овие летови не се само туристички тури, туку и добра врска помеѓу двата града како за бизнис, така и за посети на роднини и пријатели. Покрај резервирањето на патувања преку Tatilbudur.com, патниците исто така, можат да купат авионски билети и индивидуално, директно на www.onurair.com, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

on5ww.jpgon6ww.jpg


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Ние, како Онур ер, сакаме да летаме на дестинации кои досега не биле опслужувани. Сè додека имаме мотив, дури и мал мотив. Татилбудур ни го даде овој мотив и импулс. ТАВ исто така нè поддржаа. Ја изразуваме нашата благодарност до нив. Се надеваме дека ќе постигнеме успех во Охрид, заокружувајќи широк спектар на нашето културно наследство. Летовите треба да ги привлечат не само патниците кои живеат во Македонија, туку и оние кои живеат во соседната држава Албанија, а авио-картите можат да се купат преку нашата веб-страница, како и преку авторизираните агенции за продажба, изјави Теоман Тосун, Генерален директор на Онур ер.


- Како што ТатилБудур прославува 20-годишнина во туристичкиот сектор, среќни сме што можеме да го најавиме летот Истанбул-Охрид, којшто ќе даде значаен придонес во авијацискиот бизнис во Турција. Овој лет е навистина значаен за нашата земја, за ТатилБудур, Онур ер и за ТАВ, затоа што е првиот директен лет од Истанбул до Охрид. Нашата цел во ТатилБудур е да станеме најголемиот тур-оператор што пренесува најмногу турски туристи во балканските земји. Планираме да организираме 22 неделни тури со 23 лета до Охрид. Со помош од овој директен лет, планираме да понудиме економична можност за патување за турските туристи во шест земји, вклучувајќи ја Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија,кажа извршниот директор на ТатилБудур, Ченк Ангин.  


ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона на аеродромот во Охрид. Покрај Истанбул, најавено е дека ќе бидат отворени уште 3 нови сезонски дестинации –Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постоечките сезонски летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив, Катовице, во периодот од април до октомври.


Полскиот тур-оператор "Рего бис", кој почна сезонски летови од Катовице до Охрид во 2017 година, објави дека ќе воведе уште една дестинација – Варшава; естонската авиокомпанија "Нордика" ќе отпочне сезонски летови од Талин до Охрид; холандскиот тур-оператор ТУИ, кој веќе лета од Амстердам, ќе ги прошири своите операции во Охрид, воведувајќи го Ајндховен како нова дестинација.


Почнувајќи од ноември 2018 година пак, "Виз Ер" ќе воведе нова редовна линија од Охрид до Виена, која ќе биде оперативна во текот на целата година.

 

Во моментов, на охридскиот аеродром има три редовни линии, до: Базел, Цирих и Лондон, кои сообраќаат преку целата година.

 

Последни измени ( недела, 15 април 2018 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Книга:Црногорски шеги од Миле Мичуновиќ

mile300k.jpgУтре,( среда)  во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде промовирана најновата книга од академик Миле Миќуновиќ„Црногорски шеги“.

Читај повеќе...
 
И Трпејца доби уметничка колонија

sot1ww.jpgОд денеска до петок во Трпејца ќе се одржува Првата уметничка колонија „Трпејца, 2018“.

Читај повеќе...
 
Конкурс:"Преку книгата откривам нови светови"

kniga567.jpgВо пресрет на октомври - Месецот на книгата Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за поетски и прозни творби под наслов: „Преку книгата откривам нови светови“.

Читај повеќе...
 
ВМРО-ДПМНЕ обвини за следење на противниците на...

sledi1ee.jpgСДСМ е во паника! Гледаат дека народот не ја поддржува нивната антидржавна политика и тргувањето со националните интереси па ангажираат се што им стои на располагање за да ги заплашат граѓаните. Злоупотребуваат и институции и ресурси и закони,соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Читај повеќе...
 
Преку програмата ЦКА-ПХВ помош добија над 50 луѓе
ok3ww.jpgОхридската публика го исполна амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство и уживаше во  креативното и уникатно ПХВ ШОУ кое викендов го реализираа младинците на Црвен крст Охрид, учесници на овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА.
Читај повеќе...
 
Сообраќајка во близина на Охридскиот кеј
sud2er.jpgНа крстосницата меѓу "Јане Сандански" и "Партизанска" денес се случи сообраќакка во која учествуваа две возила.На едното од нив беше видливо големо оштетување на десната врата.Тоа најдобро говори за силината на сударот.
Читај повеќе...
 
Полиција начека шест мигранти кај Автобуска

svroohrid2q.jpgОхридската полициција утринава околу 01 часот начекала гурпа ирански мигранти кај автобуската станица во Охрид и веднаш ги привела бидејќи немале документи за идентификација.Привеле шест лица меѓу кои било и едно шестгодишно дете.

Читај повеќе...
 
Утре ВМРО-ДПМНЕ организира протестен марш
don1w.jpgСите незадоволни граѓани од капитулацијата на Зоран Заев и пустошот на Владата на СДСМ Ве повикувам да ни се придружите на протестниот марш во Охрид, во недела со почеток во 13 часот, собирно место хотелот „Палас“ (на кејот на Охридското Езеро),порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Сашо Донев.
Читај повеќе...
 
Ограбиле бензинска пумпа и добиле кривична
svroohrid2q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М.(24) од струшкото село Велешта и П.О.(27) од Либражд- Република Албанија.
Читај повеќе...
 
Голем интерес кај младите за правата од работен...

rabo1w.jpgЗдружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид денес организираше инфо ден, во рамки на националната кампања- "365 работнички права на младите". Меѓу младите средношколци и студенти во градов, владее голем интерес за детално запознавање со нивните права при остварување работен однос, по завршувањето на основното, средното и високото образование.

Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive