Почина легендарниот режисер Милош Форман PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 14 април 2018

forman1qq.jpgМилош Форман, режисер кој ја напушти родната Чехословачка заради креативна слобода во САД за потоа да создаде ремек-дела како „Коса“, „Лет над кукавичјото гнездо“ и „Амадеус“, почина на 86-годишна возраст.

Форман, познат и по биографските филмови за двајца контроверзни Американци „Народот против Лари Флинт“ и „Човекот на Месечината“, починал вчера во САД по кратко боледување, објави неговата сопруга Мартина.

По серија признати, но контроверзни филмови за тогашниот комунистички режим во Чехословачка, вклучувајќи го и „Љубов на една русокоса“, што беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, Форман емигрираше во САД во 1968 година, кадешто ја продолжи успешната режисерска кариера.

Тој трипати беше номиниран за Оскар и освои две статуетки, за „Лет над кукавичјото гнездо“ во 1976 и за „Амадеус“ во 1985 година.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive