Меган Маркл два пати ќе прави свадба PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 03 април 2018
megan1qq.jpgМеган Маркл оваа пролет ќе ѝ каже збогум на актерската кариера за да стане сопруга на принцот Хари, но пред венчавката во реалниот живот, таа ќе има уште една свадба, онаа телевизиска.

Маркл ќе ја напушти „Одела“, серијата што ја прослави, на 25 април, кога ќе се емитува последната епизода од седмата сезона, во којашто нејзиниот лик Рејчел Зејн ќе се венча со своето момче Мајк Рос, кој го игра Патрик Адамс. Тие беа двојка со години и зад себе имаат еден пропаднат обид да се земат.

Двајцата актери потоа ја напуштаат серијата и оваа сцена ќе биде своевидна проба за Маркл за она што ја чека на 19 мај во замокот Виндзор.

„Мислам дека моравме да го направиме тоа. Тоа е нешто што го должиме. Многу сум среќен за Меган и како овие работи се совпаднаа. Така се случи“, вели сценаристот на „Одела“, Арон Корш.

Тој на време сфатил дека романсата на Маркл во реалниот живот ќе предизвика промени во сценариото.

„Кога ја почнавме серијата, не можевме да предвидиме дека една наша актерка ќе се омажи за принц. Вакви ситуации те принудуваат да бидеш креативен и да поканиш нови ликови“, додаде Корш.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive