Николас Кејџ ќе го игра Супермен PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 16 март 2018
kejdz1er.jpgНиколас Кејџ, конечно, ќе си го оствари детскиот сон да го игра Супермен, макар што тоа ќе биде во анимиран филм.

Педесет и четиригодишниот оскаровец ќе го позајми гласот на омилениот суперхерој во „Титани тинејџери“, што ќе излезе на 27 јули годинава, две децении откако пропадна филмскиот проект за Супермен на Тим Бартон.

„Стрипот за Супермен ми е еден од најомилените. Благодарение на него, научив да читам“, вели Кејџ.

„Титани тинејџери“ е филмска адаптација на анимираната серија на „Картун нетворк“, во којашто се појавуваат и други популарни суперхерои, како Чудесна Жена и Грин Лантерн.

„Секој суперхерој има влијание врз фановите, па затоа имаме голема одговорност да пронајдеме соодветен глас за секого од нив. Возбудени сме што ќе го имаме и Николас Кејџ во екипата“, изјави извршниот продуцент на филмот, Сем Реџистер.

Кејџ требаше да го игра Супермен во „Супермен живее“, што беше во подготовка кон крајот на 90-ите години, пред да биде откажан. Режисер требаше да биде Тим Бартон, а сценарист – Кевин Смит.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive