Стојаноски:Нема нови намети за пазарџиите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 14 март 2018
nema1qq.jpgГрадоначалникот на Охрид,  Јован Стојаноски,  денес   на прес конференција, а по повод предлог одлуките од осмата седница на градскиот Совет  објасни дека Јавното претпријатие „Градски пазар“ нема извршено  никакви измени  на цената за издавање под закуп на тезгите , а посочи и дека не се издадени лиценци кои дополнително би ги оптовариле пазарџиите на зелениот пазар.

- Ние имавме една коректна и сосема мирна средба со пазарџиите  и на таа средба ги расчистивме  некои шпекулоативни информации коишто допреа до нив. Нема поскапување на цените за издавање под закуп на тезгите. Во моментов  нема ни одредени лиценци со коишто дополнително ќе бидат оптоварени пазарџиите. Тие лиценци според законот за зелени пазари се однесуваат за индивидуалните земјоделци, а не и за народно наречените тезгаџии. Тие лиценци  не се однесуваат на нив. Станува збор за закон којшто се уште е во фаза на изготвување и донесување- кажа градоначалникот Стојаноски.

Што се однесува до предлог одлуката за  давање согласност на Одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“  што беше една од точките на дневниот ред на седницата , градоначалникот Стојаноски рече:

- Статутот на Нискоградба беше различен од статутот на останатите комунални претпријатија и затоа тој е прилагоден на основните законски одредби коишто велат дека за директор може да биде поставено лице коешто има најмалку 240 кредити. Во статутот на Нискоградба стоеше 300 кредити што на некој начин е надвор од таа основна законска одредба и ние со оваа промена  само го прилагодуваме статутот на ова претпријатие кон законските одредби и кон статутите на другите комунални претпријатија- порача од пресот  градоначалникот Стојаноски.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive