Почина генијалниот физичар Стивен Хокинг PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 14 март 2018
hoking1qq.jpgСветски познатиот физичар Стивен Хокинг почина рано утрово на 76 години. Починал мирно во неговиот дом во Кембриџ, соопшти семејството. Британецот е познат по својата работа за црните дупки и релативитетот, напишал неколку популарни научни книги, меѓу кои и бестселерот „Кратка историја на времето“ од 1988 што се продаде во 10 милиони примероци. На 22 години му бил дијагностициран редок вид моторна невронска болест и прогнозите биле дека ќе живее уште само 2 години. Болеста го остави во инвалидска количка, а и не можеше да зборува, освен преку синтетизатор на глас.

Професорот Хокинг е првиот што ја постави теоријата за космологија како сојуз на релативитетот  и квантната механика. Тој откри и дека црните дупки емитуваат енергија и исчезнуваат во празно – феномен кој подоцна ќе се нарече Хокингово зрачење. Преку својата работа со математичарот Сер Роџер Пенроус тој покажа дека Општата теорија на релативноста на Ајнштајн имплицира дека  просторот и времето ќе имаат почеток во Биг Бенгот и крај со црните дупки.

Научникот  доби популарност надвор од академскиот свет и се појави во неколку телевизиски емисии, меѓу кои  ги „Симпсонови“, „Црвеното џуџе“ и „Теоријата за Биг Бенгот“. Хокинг беше портретиран и на ТВ и на филм, пред две години Еди Редмејн доби Оскар за „Теоријата на сѐ“, филм за успонот на Хокинг и односот со неговата прва жена Џејн.

Во доцните 1990-ти, тој добил понуда да стане витез, но 10 години подоцна откри дека одбил поради проблемите со владиното финансирање на науката.

Тим Бернерс-Ли, пронаоѓач на Интернетот, беше еден од првите што му оддадоа почит на професор. Хокинг.

„Изгубивме колосален ум и прекрасен дух. Почивај во мирот, Стивен Хокинг”, рече тој.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive