ОМД е загрижена за опстанок на унитарниот карактер... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 март 2018

obedinetadijaspora99a.jpgПо повод вчерашната изјавата на Премиерот Заев дека се очекува оваа недела да биде донесен спорниот Закон за употреба на јазиците, ОМД како најголема организација на Македонците во дијаспората изразува силно несогласување и сериозна загриженост за актуелната политичка ситуација и можните долгорочни последици по унитарниот карактер и сувереноста на државата.

Едновремено, ОМД ги повикува пратениците во Собранието на Република Македонија, во овие крајно загрижувачки моменти за државата, да ги застапуваат граѓаните кои ги имаат изгласано, а не партиите на кои припаѓаат.

 

Го потсетуваме Премиерот дека современа и успешна демократија се гради исклучиво почитувајќи ги трите столба на фунцкионалност на демократска држава - независни законодавна, извршна и судска власт и секое директно мешање или вршење притисок врз пратениците на Република Македонија за избрзани и противуставни решенија е контрапродуктивно и има долгорочни последици. Особено доколку не се почитува деловникот. За жал догогодишното практикување непринципиелна политика во Република Македонија, која со последниот чин на Премиерот Заев на директен притисок врз независна законодавна власт – Собранието на Република Македонија, создава крајно загрижувачка ситуација која наместо да створи соживот, почитување на Уставот и Законите на Репубика Македонија, всушност рефлектира длабоко нарушување на демократско функционирање во Македонското општество.

 

Го потсетуваме Премиерот Заев и СДСМ на предизборната програма во 2016 каде во точка 1.2 Контрола над власта, СДСМ се залага за силно Собрание, департизирана полиција, независно судство, слободни медиуми итн. Во таа точка Вашите цели се силно Собрание кое нема да се сведува на гласачка машина, како и заложбата за Собрание со изразен плурален, демократски капацитет кој ќе стимулира отворена дебата, широки консултации и вистинска контрола од избраната извршна власт. Согласно со досегашното делување на Собранието, ОМД е со став дека капацитот не е достигнат, не постои широка дебата, ниту пак Собранието консултира релевантни институции и интелектуалци, ниту пак има контрола врз работа на Владата на Република Македонија.

 

Наместо овие заложби кои требаа да преставуваат живот во Република Македонија, вчера вие со Вашата изјава ги погазивте вашите предизборни заложби на најлош можен начин,се наведува во соопштението на Обединетата македонска дијаспора.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive