Касиљас го одиграл последниот меч во Лигата на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 08 март 2018
kasiljas1qq.jpgИкер Касиљас им се заблагодари на навивачите на Ливерпул за приемот што го доби на стадионот „Енфилд“ и навести дека тоа, можеби, бил неговиот последен натпревар во Лигата на шампионите.

Легендарниот шпански голман, кој сега брани за Порто, е рекордер според бројот на настапи во елитното европско клупско натпреварување и синоќешниот натпревар против Ливерпул му беше 171-ви.

Триесет и шестгодишниот Касиљас вели дека „Енфилд“ е идеално место за неговиот последен настап во Лигата на шампионите, што ја има освоено трипати со Реал Мадрид.

„Ако ова беше моето збогување од Лигата на шампионите, тогаш воопшто не беше лоша вечер. Не примив гол на овој фантастичен стадион, но не се знае што носи иднината. Сакам да го освојам првенството со Порто, затоа што оваа група играчи го заслужува тоа, па ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Ако погледнам наназад, можам да бидам горд на она што сум го постигнал во оваа прекрасна игра. Поминав многу години во Лигата на шампионите и убаво е да се доживее ваков топол прием на вака голем стадион“, кажа Касиљас.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive