Младите ротаријанци ги промовираат женските права PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 07 март 2018

 rabs1q.jpgЧленови на Ротаракт Клубот од Охрид, во соработка со Здружението за мултикултурна интеграција, "Инклузија", Охрид денес одржаа работилница за женски права со ученички од С.О.С.У "Св. Кирил и Методиј", О.С.У "Св. Климент Охридски" и О.Е.М.У.Ц "Св. Наум Охридски", во просториите на средното економско училиште. Работилницата беше одржана во пресрет на 8-ми март, меѓународен ден на жената.

 Во текот на работилницата, присутните средношколки имаа можност да се запознаат со зародишот на развој на идејата за подигнување и зајакнување на правата на жената на секое поле, од средината на 19-тиот век до денес, за појавувањето на движењето за правата на жените, и, посебно, за правото на глас.

 

 Понатаму, тие дискутираа и за важноста на жените да носат одлуки кои ќе го подобрат нивниот квалитет на живот, како и дека од исклучително значење е нивното присуство во општествениот живот, посебно од аспект на нивното активно учество во процесите на донесување одлуки.

rabs2q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нивниот заклучок беше дека жените и девојките мора да бидат еднакви со мажите и момчињата во секој сегмент, затоа што, како што рекоа, честопати, жената е таа која мора посилно и позначајно да се носи со предизвиците на животот. Тие сметаат дека во првите децении на XXI век, имаат право да одлучуваат за суштинските аспекти во нивните животи, како и дека гледаат зголемен напредок во унапредувањата на женските права, од аспект на поголемото присуство на жените во политиката, образованието, социјалата, здравството, науката, итн.

 

  Ротаракт клубот и понатаму ќе продолжи со активности, кои ќе придонесат за промоција, заштита и унапредување на севкупниот општествен живот и ангажман на секој млад човек, со посебен акцент на жената, во однос на мисијата за услугата кон граѓанинот пред се, која го обединува ротаријанството во светски рамки, повеќе од еден век.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive