Локаланата и угостителите се договорија за... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 21 февруари 2018
komunalnataksa1qq.jpgНа денешната, повторна средба на градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со претставници на угостителскиот еснаф беа усогласени ставовите околу наплаќањето на комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема, кои како предлог- одлуки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид.

На средбата беше прифатена понудената опција од Локалната самоуправа, комуналната такса за вршење дејност да се плаќа на почетокот на секој месец и да изнесува 10 денари за  зона А, 7,5 денари за зона Б и 5 денари за зона В , во периодот од мај до октомври (летно тарифирање), а за периодот од октомври до мај (зимско тарифирање)  да се плаќа по 5 денари за метар квадратен во трите зони. Елаборатите кои досега се изработуваа за секоја година, во иднина ќе важат и за следната , доколку во меѓувреме не се донесела нова годишна програма или не се сменил корисникот.

 Надоместокот за поставување на урбана опрема на јавни површини односно на градежно изградено и уредено земјиште ,како што беше соопштено на средбата, согласно законските прописи ќе се плаќа врз основа на склучен договор за краткорочен закуп и за времетраење кое корисниците го побарале пред склучувањето на договорот. Висината на надоместокот на месечно ниво, за метар квадратен, ќе биде 300 денари за зона А, 250 денари за зона Б и 200 денари за зона В (летно тарифирање) и по 150 денари за трите зони, за периодот од октомври до мај (зимско тарифирање) .

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive