Стружанец насилно влегол во Даночното одделение... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 февруари 2018

kradec500a.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“ и две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга.

Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 25-ти декември минатата, до 14-ти јануари оваа година, најнапред во помошна просторија во струшкото село Радолишта а потоа во магацински простор и во даночното одделение на УЈП во Струга.

Тој, во помошните простории влегол употребувајќи го клучот оставен до влезната врата, при што одзел една моторна пила, флекс машина, комплет кутија со алати со што причинил мат.штета од 40.000денари. Пријавениот Н.М. во објектот УЈП-Даночно одделение-Струга,  влегол насилно со  употреба на тврд предмет и одзел радијатори и вентили и предизвикал материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор, успеал да влезе откако со чекан го скршил катинарот од влезната врата, извршил пребарување а потоа одзел еден апарат за швајцување, две брусалици, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли. Со извршувањето на ова казнено дело, сега пријавениот Н.М. предизвикал материјална штета од околу 32.500денари.        

Последни измени ( вторник, 20 февруари 2018 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive