ОМД:Непримерна казна за архимандритот Царкњас PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 14 февруари 2018
svestenik1qq.jpgОбединета Македонска Дијаспора (ОМД) со огорченост ја следи верската дискриминација со која се соочуваат домородните етнички Македонци од Егејската страна на северна Грција, поради што бара пресврт на оваа нехумана политика

Последната година, Грчката Канцеларија за Даночни приходи во Воден (Едеса), го казнил етнички Македонскиот свештеник и архимандрит Никодим Царкњас, за лажно притајување на приходи во неговиот годишен даночен извештај 

 

На Царкњас му било побарано да плати околу 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква Света Злата Мегленска во С'Ботско (Аридеја), која, како и сите други работи, не е признаена од Грчката држава.

 

Бидејќи Царкњас само ги прифатил средствата како донација во корист на црквата во заедницата, тој и одговорил на Управата за данок на доход дека немал законска обврска да ги пријави како "приход". Канцеларијата го одбила неговото барање и ја уважила казната. По поднесената жалба во јануари 2018 година, Царкијас бара поништување на илегално издадената парични казни. Ако грешката не се поправи, тој е подготвен да ја тужи јавната администрација за прекршување на даночниот законик и бесрамната нелегална дискриминација против него, врз основа на неговото етничко наследство и верскиот идентитет

 

Претседателот на ОМД Методија А Колоски изјави дека: "Овие постапки на Грчката влада се јасен одраз на нивната државна политика да ги прогонуваат граѓаните кои мислат инаку, кои зборуваат различен јазик или веруваат во православна црква инаква од Грчката. Слободата на религијата е основна слобода која мора да се почитува универзално, на што Грција очигледно се спротиставува”.

 

Од анексијата на Егејска Македонија од 1913 година, Грција има извршено етничко чистење, културолошки геноцид и сурови злосторства против староседелците етнички Македонци во регионот. Дел од таа политика е да се оспори верската слобода на Македонците. Во современи времиња ова значи забрана за изградба на нови македонски православни цркви и замена на античките преку конфискација од страна на Грчката православна црква, процес кој вклучувал отстранување на антички икони и надгробни споменици. 

 

Неправдата против Архимандритот Царкњас се одвива децении; како активист за човекови права, тој е уапсен повеќе од десетина пати, вклучувајќи и физички нападнат од грчки полицаец.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive