Вевчани,Велешта ...останаа без струја поради снегот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 февруари 2018
mrak1qq.jpgTриесетина села од Западна Македонија од попладнево се без струја. Поради снежните врнежи без струја се Вевчани, Велешта, Боговиње, Зајас, Долно и Горно Јеловце, Колари и други села од гостиварско, тетовско, кичевско и од охридско-струшкиот регион.

„Поради обилните врнежи од снег делови, односно планински села во западниот дел од земјава, останаа без напојување со електрична енергија. Од силните наноси на снег и дожд дошло до натежнување и кинење на жиците. Наши екипи се на терен во сите делови и работат на отстранување на дефектите. Ангажиравме двојно поголем број работници, но и условите на терен се лоши, бидејќи се планински и потешко пристапни места“, велат од ЕВН.

Од ЈП „Македонија пат“ велат дека сите регионални и магистрални патишта се проодни, освен кракот од Дебар кон Маврово во делот кај Бигорскиот манастир. Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од снежна лавина.

„Наши екипи се на терен, местото каде има наноси на снег и одрони од камења од снежната лавина е обезбедено и се расчистува. Зголемена активност имаме и на патот кон Охрид во делот кај Стража. Патот е прооден, но поради отежнати услови има забрана за движење на тешки товарни возила. Нашите екипи расчистуваат на сите патни правци и ќе бидат присутни во текот на целата ноќ. Снежните врнежи се обилни, паѓа многу снег, но го чистиме“, вели Гајур Кадриу, директор на ЈП „Македонија пат“.

Од Центарот за управување со кризи велат дека според нивните информации засега без струја се селата Осломеј, Зајас и Грубово, но дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектите.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive