Сопругата на Крег не сака следниот 007 да го игра жена PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 февруари 2018
soprugak1qq.jpgАктерката Рејчел Вајс, сопруга на Даниел Крег, кој по петти пат ќе го глуми агентот Џејмс Бонд, е против тоа следниот Бонд да биде жена.

Вајс во интервјуто за „Телеграф“ вели дека жените треба да имаат сопствени приказни, нагласувајќи ја важноста од создавање конкретни улоги за жените.

„Флеминг посвети огромно време за пишување на овој лик, кој е исклучително машки и се однесува на одреден начин кон жените. Зошто да не креирате сопствена приказна, наместо да се споредувате со веќе измислени машки ликови? Жените се навистина фасцинантни и интересни и треба да ги добијат своите приказни”, изјави таа.

Неодамна, британскиот актер Идрис Елба сугерираше дека следниот агент 007 треба да биде жена.

Потврдено е дека Крег ќе се врати за уште една авантура на Бонд, и покрај заминувањето на режисерот на „Скајфол“ и на „Спектра“, Сем Мендес. Се шпекулира дека новиот филм би можел да го режира Кристофер Нолан.

Продуцентката Барбара Броколи изјави дека е решена Адел да сними уште една песна за Бонд, по „Скајфол“, која доби Оскар. Медиумите објавија дека новиот филм би можел да се снима во Хрватска, а се очекува да биде готов во ноември 2019 година.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

 
 

 

 

 

  

   

OhridLive