Пралелно со ЗОИ во Ј.Кореја скијаа и роботи PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 февруари 2018
skijat1ww.jpgСреде Зимските олимписки игри, Јужна Кореја организираше едно сосема поинакво скијачко натпреварување – за роботи.

Необичната трка се одржа во зимскиот центар Вели Хили во Хонсонг, на еден час возење од Пјонгчанг, и осумте тимови од универзитети, институти и приватни компании се бореа за награден фонд од 10.000 долари.

И додека олимпијците не можеа да возат спуст и велеслалом поради лошото време, нивните механички двојници немаа вакви проблеми.

Не сите роботи успеаја да стигнат до целта (Фото; Ројтерс)

„Слушнав дека трки од алпското скијање беа откажани поради лошо време. Тоа е штета, но на роботите добро им одеше“, изјави Ли Сок-Мин од победничкиот тим Таекван-В.

Според правилата на трката, роботите мораа да бидат високи барем 50 сантиметри и да имаат независен погонски систем. Од нив се бараше да можат да стојат на своите две нозе, да користат скии и палки и да можат да си ги свиткаат колената и лактите. Поени се доделуваа за секое успешно поминување на капиите, но не сите роботи успеаја да стигнат до целта.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

   

38541378_291272901423179_5653279346496897024_n.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive