Обама го пофали сексипилот на Мишел PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 13 февруари 2018
misel77y.jpgПоранешниот претседател на САД, Барак Обама, се пошегува за своите уши и побелена коса и ја пофали својата згодна сопруга Мишел, при откривањето на нивните официјални портрети во музејот „Смитсонијан“.

Брачната двојка Обама ги избра уметниците Кехинде Вајли и Ејми Шералд за нивните слики, кои ќе бидат поставени во колекцијата на претседателски портрети.

Се обидел да преговара да има помалку сива коса и помали уши, но не ги доби. – Обама со уметникот Кехинде Вајли (Фото: Гети)

Вајли и Шералд се првите црномурести уметници од кои некогаш било нарачано да насликаат претседател или прва дама за „Смитсонијан“.

На портретот од Вајли, поранешниот претседател е прикажан како седи на кафеав стол, со позадина со светлозелени лисја и шарени цвеќиња.

Сликата на Шералд ја прикажува Мишел во седечка положба, облечена во долг тесен фустан со геометриски форми. Според „Харперс базар“, фустанот е од американскиот бренд „Мили“, од дизајнерката Мишел Смит. Моделот е од колекцијата пролет 2017, кој беше претставен на Њујоршката модна недела во септември 2016 година.

Сликата на уметницата Шералд ја прикажува Мишел во седечка положба, облечена во долг тесен фустан од американскиот бренд „Мили“ (Фото: Гети)

Обама, првиот црномурест претседател на САД, ѝ се заблагодари на Шералд за нејзиниот портрет на Мишел.

„Сакам да ви се заблагодарам за толку спектакуларниот приказ на грациозноста, убавината, интелигенцијата, шармот и на сексапилноста на жената што ја сакам”, рече Обама и се пошегува:

„Се обидов да преговарам да имам помалку сива коса, но уметничкиот интегритет на Кехинде не би му дозволил да го направи тоа. Се обидов да преговарам и за помали уши, ни тоа не го добив“.

Уметничкиот критичар на „Њујорк тајмс“, Холанд Котер, изјави дека бил импресиониран од необичниот изглед на Барак Обама, но е разочаран што во портретот на Мишел фокусот е на нејзиниот фустан.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive